ЈАВЕН ПОВИК (ПЈП бр.20 /2026)
за избор на најповолен понудувач за набавка на компјутери
ТТК БАНКА АД Скопје објавува Јавен повик за прибирање на понуди за набавка на компјутери за потребите на Банката во согласност со спецификацијата во прилог на овој повик.
Предмет на набавка: 30 (триесет) компјутери
Банката со избраниот најповолен понудувач ќе склучи договор за набавка од денот на прифаќање на понудата.
Лица за контакт од Банката:
Облик и содржина на понудата:
1. Понудата се изработува во писмен облик.
2. Понудата треба да содржи:
- Назив, адреса и седиште на Понудувачот, телефонски број, e-mail адреса и лица за контакт;
- Единечна цена на понудата, со посебно изразен ДДВ. Цената треба да биде изразена во денари и во неа да биде вклучен транспортот до Централниот магацин на Банката на ул. ‘’Народен Фронт’’ 19a Скопје;
- Рок и начин на испорака;
- Гаранциски период (рок за рекламација на купените производи).
Изборот на најповолен понудувач ќе се врши врз основа на елементите на критериумот економски најповолна понуда (цена – до 70 бода, квалитет – до 10 бода и гаранција – до 20 бода).
Понудите се доставуваат во оригинал или копија во затворен коверт во писарницата на Банката на следната адреса:
ТТК БАНКА АД Скопје
Ул. ‘’Народен фронт’’ 19а, 1000 Скопје
(со назнака НЕ ОТВАРАЈ,набавка на компјутери).
Рокот за доставување на понудите е до петок 24.04.2026 година до 16.00 часот.
Прилог: техничка спецификација