•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

XXXVI Седница на собрание на акционери - април 2021 година

Гласање преку коресподенција

Акционерот може да гласа преку кореспонденција со пополнување на образецот за гласање преку кореспонденција.

Акционерот доставува пополнет образец за гласање преку кореспонденција во писмена форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер, односно назив, печат и целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционерот - правно лице.
Образецот мора да биде примен во Банката најдоцна до 14.4.2021 година до 15:00 часот.

Заедно со пополнетиот образец, акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа:


- За акционер - физичко лице се приложува:

Копија од важечка лична карта или пасош.

- За акционер - правно лице се приложува:

Последна тековна состојба од Централниот регистар/во оригинал/, не постара од 30 дена.
Копија од важечка лична карта или пасош на законскиот застапник.

Бараната документација треба да биде доставена во ТТК Банка АД Скопје, на ул. „Народен фронт“ бр. 19 а Скопје Служба за секретаријат со назнака „за Собрание“.

Образец за физички лица

Образец за правни лица

Пример на пополнет образец

                         

Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје Надзорниот одбор на


TТК БАНКА АД СКОПЈЕ
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА


ЈАВЕН ПОВИК
ЗА УЧЕСТВО НА XXXVI - тата СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИ

Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје   бр. 02-2034/2 од 11.3.2021 година, XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се одржи на 15.4.2021 година (четврток) со почеток во 12:00 часот, во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул. „Народен фронт“ бр.19 А во Скопје, со следниот предлог

ДНЕВЕН РЕД

I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

1. Отворање на Собранието.
2. Избор на претседавач на Собранието.

II. РАБОТЕН ДЕЛ

  1. Разгледување Годишен извештај за работењето на ТТК Банка АД Скопје во 2020 година и Мислење по истиот од Надзорниот одбор, со Предлог - одлука за усвојување на Извештајот и Мислењето;
  2. Разгледување Финансиски извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2020 година ревидирани од Друштвото за ревизија „Мур Стивенс“ ДОО Скопје и Мислењето за извештаите од Надзорниот одбор, со Предлог - одлука за усвојување на извештаите и Мислењето;
  3. Разгледување Годишна сметка на ТТК Банка АД Скопје за 2020 година, со Предлог - одлука за усвојување;
  4. Разгледување Предлог - одлука за употреба и распоредување на нераспределенета добивка на ТТК Банка АД Скопје за 2020 година;
  5. Разгледување Предлог - одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2020 година (дивиденден календар);
  6. Разгледување Годишен извештај на работењето на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје во 2020 година, со Предлог - одлука за усвојување;
  7. Разгледување Предлог - одлука за назначување членови на Одборот за наградување на членови на Надзорниот одбор и на Одборот за ревизија на ТТК Банка АД Скопје;
  8. Разгледување Информација за резултатите од извршената оцена на соодветноста за членовите на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.

Се повикуваат акционерите на ТТК Банка АД Скопје да учествуваат во работата на Собранието.
Со цел почитување на мерките за спречување на ширењето на Covid-19, ТТК Банка АД Скопје препорачува акционерите, своето право на гласање на Собрание на акционери на Банката, да го остварат преку гласање со писмена кореспонденција заради обезбедување успешно одржување на закажаното Собрание на акционери.
Правото да се гласа со кореспонденција се остварува со испраќање пополнет образец кој во оригинал мора да биде примен во Банката најдоцна на 14.4.2021 година, до 15:00 часот. Заедно со образецот за гласање, акционерот е должен да достави и документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката www.ttk.com.mk.
Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието, со доставување пријава за учество до Секретаријатот на Банката (или на телефакс: 02/3131-387; е-пошта: sekretarijat@ttk.com.mk).
Собранието ќе одлучува само за прашања коишто се уредно ставени на Дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.
Гласањето по точките од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со писмено полномошно, за што е должен веднаш да ја извести Банката по писмен пат или електронски.
Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.
Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точките од Дневниот ред.
Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 19.3.2021 година, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.
Материјалите за Собранието и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден, во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул. „Народен фронт“ бр.19А во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

Претседател на Надзорен одбор на ТТК Банка АД Скопје

м-р Глигорие Гоговски с.р.