•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

XXXVIII Седница на собрание на акционери - август 2022 година

Гласање преку коресподенција

Акционерот може да гласа преку кореспонденција со пополнување на образецот за гласање преку кореспонденција.

Акционерот доставува пополнет образец за гласање преку кореспонденција во писмена форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер, односно назив, печат и целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционерот - правно лице.

Образецот мора да биде примен во Банката најдоцна до 5.9.2022 година до 15:00 часот.

Заедно со пополнетиот образец, акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа:

  • За акционер - физичко лице се приложува:
    Копија од важечка лична карта или пасош.
  • За акционер - правно лице се приложува:
    Последна тековна состојба од Централниот регистар/во оригинал/, не постара од 30 дена.
    Копија од важечка лична карта или пасош на законскиот застапник.

Бараната документација треба да биде доставена во ТТК Банка АД Скопје, на ул. „Народен фронт“ бр. 19 а Скопје Служба за секретаријат со назнака „за Собрание“.

Образец за физички лица

Образец за правни лица

Пример на пополнет образец

Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје Надзорниот одбор на


TТК БАНКА АД СКОПЈЕ
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА


ЈАВЕН ПОВИК
ЗА УЧЕСТВО НА XXXVIII - тата СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИ

Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје   бр. 02-5944/8 од 29.7.2022 година, XXXVIII седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се одржи на 6.9.2022 година (вторник) со почеток во 12 часот, во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул. „Народен фронт“ бр.19А во Скопје, со следниот предлог

ДНЕВЕН РЕД

I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

1. Отворање на Собранието.
2. Избор на претседавач на Собранието.

II. РАБОТЕН ДЕЛ

  1. Усвојување на записникот од XXXVII седница на Собранието на акционери на Банката одржана на ден 5.4.2022 година;
  2. Разгледување Предлог - одлука за измена и дополнување на Статутот на ТТК Банка АД Скопје;
  3. Констатирање престанок на функцијата на член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје заради смрт;
  4. Разгледување Предлог - одлука за именување членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје;
  5. Разгледување Предлог - одлука за усвојување на Деловник за работа на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје.

Се повикуваат акционерите на ТТК Банка АД Скопје да учествуваат во работата на Собранието на акционери.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на акционери е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието на акционери, со доставување пријава за учество до Секретаријатот на Банката (или на телефакс: 02/3131-387; е-пошта: sekretarijat@ttk.com.mk).

Собранието на акционери ќе одлучува само за прашања коишто се уредно ставени на Дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието на акционери со писмено полномошно, за што е должен веднаш да ја извести Банката по писмен пат или електронски.

Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

Гласањето по точките од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Акционерите можат да гласаат со кореспонденција, со испраќање пополнет образец кој во оригинал мора да биде примен во Банката најдоцна на 5.9.2022 година, до 15 часот. Заедно со образецот за гласање, акционерот е должен да достави и документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката www.ttk.com.mk.

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точките од Дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 12.8.2022 година, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

Материјалите за Собранието на акционери и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден, во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул. „Народен фронт“ бр.19А во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

ТТК Банка АД Скопје
Надзорен одбор