македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Ненаменски потрошувачки кредити за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Стандардна табела со податоци по одделни кредити и депозити
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Референтни каматни стапки

 

Соопштенија за јавност 2020

Известување за непречено работење и промена на работно време на експозитурата во градот Дебар

 

Почитувани клиенти,

 

Ве информираме дека Во услови на засилени мерки за заштита од ширење на Ковид -19 во земјата ТТК Банка АД Скопје продолжува непречено со работа и со извршување на клучните функции со што нашите услуги остануваат и понатаму достапни на граѓаните и на правните лица.

 

Експозитурата во градот Дебар продолжува да работи со скратено работно време од понеделник до петок од 9 до 13 часот, а во саботите експозитурата нема да работи. Скратеното работно време ќе трае додека важат мерките и препораките донесени од Владата.


За работното време на филијалите и експозитурите може да се информирате на веб страницата и на мобилната апликација на Банката.

 

Ве повикуваме редовно да ги следите информациите кои Банката ги објавува.

 

Во согласност со Одлуките на Владата, во интерес на јавното здравје и преземање мерки и активности за превенција и заштита на вработените и на клиентите на Банката, Ве советуваме:

 

·          Да комуницирате со Вашите лични банкари по електронски пат или на телефонските броеви на експозитурите, објавени на веб страницата на Банката 

 

·          На Ваше располагање, 24/7, се информациите и услугите достапни преку електронските канали на Банката: електронско банкарство TTK E-bank, мобилно банкарство TTK M-bank, веб-страницатa www.ttk.com.mk како и мрежата банкомати на ТТК Банка АД Скопје објавени на веб страницата на Банката и на мобилната апликација на Банката

·          Да ги редуцирате Вашите посети во експозитурите и филијалите на ТТК Банка АД Скопје коишто редовно се чистат и дезинфицираат

 

·          Во случај на неодложна посета на Банката да одржувате пристојно растојание од најмалку 1 метар со вработените или останатите присутни; да избегнувате ракување и директен контакт при поздравување, да избегнувате долго задржување во просториите, како и да ги користите средствата за дезинфекција на рацете поставени на Ваше располагање во експозитурите и филијалите на Банката; при потреба за искашлување/кивање покривајте ја устата со марамче за еднократна употреба или искашлајте во лактот

 

·         При користењето на банкоматите  применувајте ги препорачаните хигиенски мерки за спречување на ширење на вирусот Ковид-19

 

·         Доколку се соочувате со некакви симптоми на настинка, заради мерки на претпазливост против ширење на инфекција со Ковид-19 вирусот, Ве молиме Ваш приоритет да биде користењето на услугите преку електронските канали на Банката

 

Ви благодариме за препознавањето на важноста на заштитата на сопственото здравје, како и на здравјето на другите и за придржувањето кон овие совети.

 

Со почит,
ТТК Банка АД Скопје

 

*16.3.2020 година

Заштита на лични податоци Политика за приватност Политика за колачиња
Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување