VISA Business Credit - Кредитна картичка

Предности на VISA Business Credit: • Едноставно бесконтактно плаќање на службените трошоци, секаде во светот, без провизија • Подобрување на готовинскиот тек (cash flow) на вашата компанија • Можност за издавање голем број картички во рамките на вашата компанија • Минимум месечно подмирување на искористениот кредит од само 5% • Кредитен лимит до 600.000 денари • Дневен лимит до 250.000 денари • Рок на издавање 3 години • Револвинг картичка со подмирување на само 5% месечно од сумата • Бескаматен период до 15-ти наредниот месец • Промена на дневен лимит за плаќање преку Интернет преку електронското банкарство на ТТК Банка • Едноставно плаќање и следење на сметката и на трошењето преку услугата електронско банкарство TTK E-bank, следење на состојбата на сметка преку електронските сервиси за информирање • 24-часовна поддршка на корисниците, насекаде во светот.
Корисници |
· Правни лица - комитенти на ТТК Банка АД Скопје. По исклучок Банката ќе издава Visa Business Credit кредитнa картичкa на правни лица кои се депоненти на други банки кои во согласност со кредитната политика на Банката не ги исполнуваат условите за одобрување на кредитниот лимит, доколку заложат депозит во Банката, во висина на кредитниот лимит на картичката зголемен за 10,00%.
· Корисници на картичките се физички лица овластени од страна на правните лица. |
Валута |
· МКД/ЕУР. |
Износ |
· Кредитен лимит во зависност од кредитната способност, но не повеќе од 600.000 денари. |
Рок |
· Прво издавање – 3 години;
· Обновување – 3 години. |
Можности |
· Дневниот лимит за Visa Business изнесува 250.000 денари во трговија и на АТМ заедно;
· Банката ќе одобрува бескаматен период до 15-ти во следниот месец за трансакции направени во трговија (плаќање стоки и услуги) во тековниот месец;
· За побарувањата кои ќе бидат подмирени по тој рок Банката ќе пресметува казнена камата во висина на максималната каматна стапка дозволена со законските прописи, од датумот на доспевање на месечното побарување (секој петнаесети во месецот) сè до неговото целосно подмирување.
· Месечниот циклус започнува на почетокот на месецот и завршува на крајот од месецот. Корисникот е должен во рок од 15 дена по завршување на месечниот циклус да измири минимум 5% од износот на минусното салдо до кредитен лимит, и целиот износ на минусно салдо над кредитен лимит (во согласност со месечниот извештај);
· Минималниот износ за плаќање се пресметува како процент од вкупните обврски на корисникот на крајот на месецот за кој се пресметува обврската зголемен за провизиите за готовинските трансакции и пресметаните камати;
· Промена на дневен лимит при плаќање преку Интернет преку електронското и мобилното банкарство на ТТК Банка. |
Обезбедување |
· Рамковен кредит –лимит врз основа на заложно право;
· Меница од 500 денари, заверена од правното лице со пополнета менична изјава;
· Образец ПП 30 со согласност за употреба на истиот;
· Паричен депозит;
· Друго обезбедување прифатливо за Банката. |
Што е потребно да се отвори кредитна картица? |
· Пополнето и потпишано барање за добивање и користење на картичката;
· Остварен промет на жиро сметка за последните 6 месеци;
· Биланс на состојба и биланс на успех за последните 2 години;
· Заклучен лист за тековната година;
· Потпишана изјава за користење податоци за секој корисник посебно. |
Провизии |
· Подигнување готовина од банкомат на TTK Банка - 1,5% + 100 денари;
· Подигнување готовина на банкомат на друга банка во земјата - 3% + 150 денари;
· Подигнување готовина на банкомат на друга банка во странство - 3,5 % + 200 денари;
· Плаќање на ПОС терминал во земјата и во странство - без провизија. |
Членарини |
· Годишна членарина за дополнителна картичка за првата година - 2.400 денари на 12 месечни рати;
· Годишна членарина за дополнителна картичка за картички без кредитен лимит - 600 ден. на 12 месечни рати;
· Годишна членарина за дополнителна картичка за картички со остварен промет во трговија над 150.000 денари - без надоместок. |
Дополнителни трошоци |
· Итна изработка и издавање картичка - 2.000 ден. + 360 ден.ДДВ;
· Реизработка на картичка поради губење, кражба или други оштети на картичката - 600 ден. + 108 ден.ДДВ;
· Откажување од картичка по истекот на рокот за откажување определен од Банката - 600 ден. + 108 ден.ДДВ;
· Откажување на картичка во процедура на изработка на картичката - 600 ден. + 108 ден.ДДВ;
· Реиздавање ПИН-код - 200 ден. + 36 ден.ДДВ;
· Деблокирање ПИН-код - 100 ден. + 18 ден.ДДВ. |
Каматна стапка |
· Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8,75 процентни поени, годишно на искористениот износ до кредитниот лимит. Прилагодувањето на променливата каматна стапка се врши полугодишно во согласност со промената на националната каматна стапка - НРС (за кредити во денари);
· 17,25% годишна каматна стапка за ненавремено враќање на долгот. |
Причина повеќе
|
· Visa картичките се со чип технологија која овозможува поголема сигурност, и безбедност на податоците и превенција од злоупотреби;
· Едноставен и брз пристап до пари 24 часа дневно;
· Бесконтактно плаќање во трговија на стоки/услуги, подигнување готовина на банкомат во земјата и во странство;
· Намалување ризик од користење готовина;
· Се намалува потребата за одење во банка - избегнување шалтери;
· Висока сигурност на трансакции со користење на ПИН-кодот. |
За извршените основни и дополнителни услуги Банката наплатува членарини и провизии во согласност со Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши ТТК Банка АД Скопје.
Пополнете ја апликацијата и доставете ја во која било експозитура на ТТК Банка. Доколку е потребна дополнителна документација, информација ќе добиете од нашите вработени.
Одговор на вашето барање ќе добиете во најкраток можен рок.
Тарифа на надоместоци - парични картички за правни лица
* Доколку во период од 15 (петнаесет) дена од денот на објавата на измените на тарифата, клиентот не ја извести Банката дека не е согласен, ќе се смета дека е согласен со измените, како што е предвидено во Договорот.
Лице за контакт:
Горан Томовски
Директор на Дирекција за правни лица
Сектор за комерцијално банкарство
Тел.: 02/ 32 47 000 лок. 459
e-пошта: goran.tomovski@ttk.com.mk
Наташа Костиќ
в.д. Раководител на Оддел за позадински обработки - население
Сектор за ИТ и позадински обработки
Тел. 02/ 32 47 000 лок. 017
е-пошта: natasa.kostic@ttk.com.mk
* Последна промена направена на интернет-страницата 5.4.2021 година.
|