Користете ги електронските сервиси на информирање на ТТК Банка доколку сакате брзо и сигурно да добиете информации за состојбата на вашата сметка и за вашите трошоци. Со web, e-mail и sms пакетите, вие имате поголема безбедност и заштита при реализација на трансакции, поголема контрола на состојбата на вашата сметка, а притоа го заштедувате вашето време.

Предности на web, e-mail и sms пакетите:
· едноставен и брз пристап до бараните информации;
· следење на состојбата на картичката 24/7;
· поголема заштита при реализација на трансакции;
· повеќе време за вас.
Корисник на услугата може да биде секој корисник на TТК Банка кој користи некој од следните производи:
· денарска/девизна трансакциска сметка;
· кредит;
· дебитна или кредитна картичка;
· депозитен производ;
· поседува мобилен телефон/eлектронска адреса.