македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје Надзорниот одбор на

ТТК БАНКА АД СКОПЈЕ

ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА 

ЈАВЕН  ПОВИК 

ЗА УЧЕСТВО НА XXXI СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИ   

                Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје   бр. 02-4475/2 од 29.5.2019 година, XXXI седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се одржи на 3.7.2019 година (среда) со почеток во 11:30 часот, во просториите на Банката во ТЦ Беверли Хилс, на ул. „Народен фронт“ бр.19 А во Скопје, со следниот предлог

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

I.   ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ 

1.     Отворање на Собранието;

2.     Избор на претседавач на Собранието.

II.   РАБОТЕН ДЕЛ

1. Разгледување на Предлог-одлука за издавање долгорочни должнички хартии од вредност како капитален инструмент по пат на јавна понуда (корпоративна обврзница) (прва емисија на обврзници)

 

2. Разгледување на Предлог-одлука за именување член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

 

3.     Разгледување на Предлог-одлука за промена на член на Одборот за наградување

 

Се повикуваат акционерите на ТТК Банка АД Скопје да учествуваат во работата на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието, со доставување пријава за учество до Секретаријатот на Банката (или на телефакс: 02/3131-387; е-пошта: sekretarijat@ttk.com.mk).

Собранието ќе одлучува само за прашања коишто се уредно ставени на Дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Гласањето по точката од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со писмено полномошно, за што е должен веднаш да ја извести Банката по писмен пат или електронски.

Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk. 

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точката од Дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 8.6.2019 година до 16:00 часот, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk. 

Материјалите за Собранието и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Банката во ТЦ Беверли Хилс, на ул. „Народен фронт“ бр.19 А во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk. 

 

 

                                      Претседател на Надзорен одбор

                                                на ТТК Банка АД Скопје  

                                             м-р Глигорие Гоговски  с.р.

 

 

1.  Вкупен број на акции и вкупен број на гласачки права

2.  Пријава за учество

3.  Прашања од акционери во врска со точките од Дневниот ред

4.  Вклучување на нови точки и одлуки од Дневниот ред и предлагање на нови одлуки

  4.1. Предлог-одлуки по предложени точки од Дневен ред, од акционерот „Тетекс“ АД Тетово

5. Полномошна за физички и правни лица

 

 

6. Одлука за издавање долгорочни должнички хартии од вредност по пат на јавна понуда (корпоративна обврзница) (прва емисија на обврзници)

7. Одлука за именување член на Надзорен одбор на ТТК Банка АД Скопје

8. Одлука за промена на член на Одборот за наградување

 

9. Резултати од гласањето

10.Записник

 

 

 

*последна промена направена на интернет-страницата 16.7.2019 година

 


 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - Раководител на експозитура во Скопје
ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на кредитните производи за физички лица
Јавен повик за учество на XXXI седница на Собранието на ТТК Банка АД Скопје
СУПЕР Станбен кредит со фиксна каматна стапка во првите пет години со намален надоместок за одобрување до 30.9.2019 година!
СЕГА Е ЛЕСНО, со хипотекарниот кредит на ТТК Банка АД Скопје со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години достапен со намален надоместок за одобрување до 30.9.2019 година!

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување