ТТК Банка ја продолжи промотивната понуда БЕЗ НАДОМЕСТОК ЗА ОДОБРУВАЊЕ за потрошувачки и станбени кредити до 31-ви јануари 2016 година. |
ТТК Банка ја збогатува понудата на атрактивни кредитни производи за физички лица со исклучително поволни услови во промотивен период до 31.12.2015 година. |
Од 2 ноември започнува промотивната понуда БЕЗ НАДОМЕСТОК ЗА ОДОБРУВАЊЕ за потрошувачки и станбени кредити во ТТК Банка и ќе трае до 31.12.2015 година. |
Во периодот од 29.10.2015 година, заклучно со 1.11.2015, се одржа саемот „Купи куќа, купи стан“ во „Сити Мол“ со цел промоција на можностите за вдомување преку проектот „Купи куќа, купи стан“. |
По повод светскиот ден на штедење, традиционално Здружението на банкарството при Стопанска комора на РМ, на ден 30 октомври 2015 година, по 17-ти пат одржа свечена седница на која беа присутни претставници од Министерството за финансии, гувернерот на НБРМ, како и претставници од сите банки и штедилници.  |
Светскиот ден на штедење, кој вообичаено се одбележува на 31.10.2015 година, оваа година ТТК Банка го прослави секако со најмладите.  |
Со важност од 1.8.2015 година, ТТК Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички и правни лица во денари и евра, а во согласност со пазарните услови. |
Следејќи ги потребите и желбите на корисниците, ТТК Банка ја продолжува понудата на атрактивни кредитни производи за физички лица со исклучително поволни услови и во текот на летните месеци. |
· НАЈНИСКА ФИКСНА каматна стапка за првата година · БЕЗ ЖИРАНТИ до 10.000 евра, во зависност од висината на месечните примања · МЕСЕЧЕН АНУИТЕТ - 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот |
Искористете ја единствената можноста за остварување на вашите планови со ненаменски потрошувачки кредит, БЕЗ КАМАТА и без надоместоци за обработка на барање и администрирање на кредит, наменет за сите категории на корисници. |
Во духот на спортот, истражување на природата, јакнење на спортскиот дух и елан, чувството на слобода на висина од 2.747 метри надморска височина, каде само небото е граница, на 23 и 24 мај се одржа 34-то традиционално искачување на Титов врв 2015 година, а во организација на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово. |
ТК БАНКА во насока на континуирана поддршка на културата, а посебно настаните наменети за најмладите, и оваа година зеде учество на детскиот фестивал „Јаболчиња“, кој годинава слави 20 години постоење. |
На 12 мај 2015 година се одржа третиот по ред информативен настан – Пристап до финансии, во Штип, на кој учество зедоа голем број претставници на мали и средни претпријатија, претприемачи, здруженија на граѓани и фондации, занаетчии, трговци, членови на кластери и бизнис-мрежи, како и дел од комерцијалните банки во Република Македонија. |
Ве известуваме дека ТТК Банка отвори нова експозитура во Битола, во населбата Нова Битола. Преку проширување на деловната мрежа и приближување на производите и услугите до крајните корисници, ТТК Банка продолжува да го унапредува своето работење. |
ТТК Банка, како општествено одговорна компанија, со огромно задоволство, во улога на генерален спонзор, го поддржува Шарпланинскиот скијачки куп за деца, кој ќе се одржи на Попова Шапка, на 21-ви и 22-ри март 2015 година. |
ТТК Банка зема учество на Саемот на градежништво 2015 веднаш до понудата на станбен простор со цел да биде поддршка во изборот на најповолната опција до сопствен дом. |
Дечињата од детската градинка "Детска радост"- РЕ "Калинка" од Гази Баба ја посетија експозитурата на ТТК Банка во Аеродром за да го одбележат почетокот на месецот март и денот на "Мартинката”, а воедно да ги даруваат вработените со мартинки што лично ги изработија. |
Следејќи ги потребите и желбите на корисниците, ТТК Банка АД Скопје ја намали каматната стапка на СУПЕР станбениот кредит за физички лица и понуди исклучително атрактивни услови за поволно кредитирање во рамки на две понуди за овој производ. |
|