Лоро акредитиви (извозни работи)
Акредитивот е условна обврска на Банката да плати или, поконкретно, документарниот акредитив е писмена обврска на Банката, дадена на продавачот по барање и инструкции на купувачот, да плати по видување или со одложено плаќање одреден износ не поголем од износот на акредитивот, со приложување документи кои се предвидени во акредитивот и се во согласност со eднообразните правила за документарни акредитиви на Меѓународната трговска комора во Париз.
Лоро акредитивот овозможува сигурност на извозникот дека ќе ја наплати стоката ако ги исполни условите на акредитивот.
Услови за отворање на лоро акредитиви
· Клиентот да има отворено денарска и девизна сметка во ТТК Банка АД Скопје;
· Клиентот да има профактура, фактура или договор за увозно-извозната работа.
Износ
· Без ограничување.
Потребни документи
· Тековна состојба издадена од Централен регистар на РМ (ако правното лице не е клиент на Банката);
· Картон на депонирани потписи (ако правното лице не е клиент на Банката);
· Девизна и денарска сметка во ТТК Банка;
· Изјава за основот на девизниот прилив.
Тарифа за надоместоци - акредитиви за правни лица
Лице за контакт:
Горан Томовски
Директор на Дирекција за правни лица
Сектор за Комерцијално Банкарство
Тел. 02/ 32 47 000 лок.459
e-mail. goran.tomovski@ttk.com.mk
Андријана Томовска
в.д. Раководител на Оддел за позадински обработки на платен промет, средства и ликвидност
Дирекција за Позадински обработки
Тел. 02/ 32 47 000 лок.027
e-mail. andrijana.tomovska@ttk.com.mk
* Последна промена направена на интернет-страницата 30.8.2019 година. |