Почитувани корисници,
Во врска со препораките од Владата, во интерес на јавното здравје и преземање мерки и активности за превенција и заштита од ширење на корона вирусот, Ве советуваме:
-
да ги редуцирате Вашите посети во експозитурите и филијалите на ТТК Банка АД Скопје коишто редовно се чистат и дезинфицираат;
-
при посета на Банката да избегнувате директен контакт при поздравување и да избегнувате долго задржување во просториите, како и да одржувате пристојно растојание од најмалку 1 (еден) метар при средба/разговор со вработените или останатите присутни;
-
да ги користите средствата за дезинфекција на рацете поставени на Ваше располагање во експозитурите и филијалите на Банката;
-
при потреба за искашлување/кивање покривајте ја устата со марамче за еднократна употреба или искашлајте во лактот.
Комуникацијата со Вашите лични банкари може да ја реализирате по електронски пат или на телефонските броеви на експозитурите и филијалите, објавени на интернет-страницата на Банката.
На Ваше располагање, 24/7, се информациите и услугите достапни преку електронските канали на Банката: електронско банкарство TTK E-bank, мобилно банкарство TTK M-bank, интернет-страницата www.ttk.com.mk како и мрежата банкомати на ТТК Банка АД Скопје.
За работното време на експозитурите и филијалите на ТТК Банка АД Скопје може да се информирате на следниот линк.
Доколку се соочувате со некакви симптоми на настинка, заради мерки на претпазливост против ширење на инфекција со корона вирусот, Ве молиме Ваш приоритет да биде користењето на услугите преку електронските канали на Банката.
Ви благодариме за препознавањето на важноста на заштитата на сопственото здравје, како и на здравјето на другите и за придржувањето кон овие упатства.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје
