Корисници |
-
Физички лица - странски државјани со привремен престој во Република Македонија од најмалку 6 (шест) месеци;
-
Сопственикот на девизната сметка може да даде овластување на друго лице кое ќе располага со средствата од неговата сметка, при што овластеното лице работи во согласност со прописите кои го регулираат платниот промет со странство за нерезиденти (независно од неговиот статус на резидент или нерезидент). |
Валута |
|
Каматна стапка на позитивно салдо |
EUR |
AUD |
USD |
GBP |
CHF |
Останати |
0,00% |
0,00% |
0,00% |
0,00% |
0,00% |
0,00% | |
Потребни документи |
-
Барање за отворање сметка;
-
Важечки документ за идентификација - патна исправа;
-
Прашалник за регистрација на клиент;
-
Изјава за статус на странски физички лица кои привремено престојуваат во Републиката со работна виза или виза за престој од најмалку 6 (шест) месеци. |
Работење со девизна сметка |
|
Уплати на девизна сметка |
-
Со вложување ефективни странски пари – до 9.990 евра слободно, над 9.990 евра со потврда од Царинска управа на РМ (која важи 5 работни дена од датумот на издавање);
-
Со девизни приливи (ЛОРО дознаки) - се обработуваат со директна наплата - одобрување во корист на девизната сметка (со обработка на образец 743 кој го изготвува Банката). |
Исплати од девизна сметка |
-
Повлекување ефектива - повлекувањето ефектива е без ограничување во рамки на расположливи средства на сметката. Повлекувањето ефектива во денарска противвредност и денарски плаќања се врши преку денарска трансакциска сметка.
-
Девизни плаќања (ЛОРО дознаки) - се вршат врз основа на доставени писмени инструкции од страна на клиентот и приложената документација за режимска контрола на основот на плаќање (со обработка на образец 1450 од страна на Банката, кој го потпишува клиентот). |
Известување за направени приливи и одливи на сметка (ИЗВОДИ) |
-
Банката го известува клиентот за секој пристигнат прилив (истиот или најдоцна наредниот ден по приемот).
-
Банката издава изводи за состојбата и за промените на девизната сметка на шалтерите на Банката.
-
Клиентот има обврска да подигнува извод најмалку еднаш месечно.
-
Банката може преку изводите истовремено да го информира и да го известува клиентот за одредени новини и промени во работењето.
-
Со пријава на корисничко име, состојбата на сметката може да се следи и на интернет. |
Водење на сметка |
-
Клиентот е должен да и достави на Банката ажуриран документ за идентификација (нова патна исправа со важечки рок на важност, по истекот на рокот на важност на старата) и да ја пријави во Банката секоја промена на личните, адресните и контакт-податоците.
-
Во случај на губење/кражба на картичката, клиентот е должен да ја пријави во Банката, по што Банката му издава нова. |
Блокирање на сметка |
|
Затворање на сметка |
-
Банката ја затвора девизната сметка врз основа на поднесено писмено барање.
-
Банката може да ја блокира до ажурирање сметката доколку клиентот не ја обезбеди потребната документација за ажурирање на податоците (важечка патна исправа) и во други случаи во согласност со прописите и одредбите од договорот за отворање сметка. |