македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

Кредити

ФИН кредит - ненаменски потрошувачки кредит од 5,50% фиксна каматна стапка во првата година и 7,90% променлива каматна стапка за остатокот од периодот (без надоместок за одобрување во промотивен период до 30.6.2018 година)

За сите вработени во банки и финансиски институции, ТТК Банка креираше посебни поволности и привилегии. Со ФИН кредитот на ТТК Банка, добивате можност за брз и едноставен пристап до финансирање на вашите моментални потреби.

Корисници

·  Државјани на Република Македонија, деловноспособни лица над 18 години, кои имаат засновано редовен работен однос на неопределено време и работен однос на определено време (само ако 12 месеци работат непрекинато кај ист работодавец и минимум еднаш им е продолжен договорот за работа) и се вработени во банки и др. финансиски институции;

·   Физички лица кои примаат и не примаат плата преку ТТК Банка.

Критериуми

·   Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот.

·   Минималните месечни примања на кредитобарателот не смее да бидат под 12.000 денари при аплицирање за кредитниот производ.

Износ

·   600.000 денари.

Валута

·   МКД.

Начин на отплата

·   Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој први од месецот.

·   Кредитот се става во отплата на први наредниот месец од денот на исплатата.

Рок на отплата

·   84 месеци.

Каматна стапка

· 5,50% годишна фиксна каматна стапка во првата година, 7,90% годишна променлива каматна стапка (НРС + 5,73 процентни поени) од втората година на отплатата на кредитот до целосната отплата на кредитот за категорија на корисници кои ја примаат платата преку ТТК Банка (I категорија);

· 8,90% годишна променлива каматна стапка (НРС + 6,73 процентни поени) за категорија на корисници кои не ја примаат платата преку ТТК Банка (II категорија);

·   За периодот од искористување на кредитот до денот на ставање на кредитот во отплата, Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористување на кредитот.

Казнена каматна стапка

·   11,25% годишна променлива каматна стапка (законска казнена) за достасани, а не подмирени обврски.

Метод и период на пресметка на камата

·   Пресметката на камата се врши месечно по пропорционална метода.

Надоместоци

 

·  500 денари за приматели на плата/пензија, односно 700 денари за неприматели на плата/пензија во Банката, надоместок за обработка на барање за кредит;

·   При исплата на кредитот:

   0,50% од износот или минимум 1.000 денари (без надоместок за одобрување за поднесени апликации во промотивен период од 2.4.2018 година до 30.6.2018 година); 

·  За администрирање на кредитот 0,2% на остатокот од долгот (годишно, однапред на главниот долг на кредитот);

·    Без провизија за предвремена делумна отплата;

·   Без провизија предвремена целосна отплата.

Трошоци

·   трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот);

·   трошоци за меница;

·   нотарски трошоци во согласност со нотарската тарифа за кредити над 400.000 денари за приматели на плата, односно над 300.000 денари за неприматели на плата.

СВТ

·   Преглед на СВТ

Обезбедување

 

·   БЕЗ ЖИРАНТИ;

·  Административна забрана на плата за кредитокорисникот (доколку акционерското друштво/буџетската државна институција/јавното претпријатие ја издава);

·   Меница со менична изјава потпишана од кредитокорисникот;

 

Меница во форма на нотарски акт

За секоја поединечна кредитна изложеност на Банката кон физичко лице по основ на потрошувачки кредит во износ над 600.000 денари која е обезбедена со меница, меницата мора да биде во форма на нотарски акт со извршни клаузули.

Потребни документи

·   Апликација за кредит;

·   Фотокопија од важечка лична карта или пасош за кредитобарателот;

·   Потврда за редовен работен однос, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавачот (не постара од 30 дена).

Документи за наплата

·  Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на корисникот, примател на плата преку ТТК Банка.

Исплата

·   На трансакциска сметка на корисникот на кредитот.

 

Пример

Вид на кредитот

Ненаменски потрошувачки ФИН кредит (приматели на плата преку ТТК Банка)

Износ

150.000 денари

Рок на отплата

60 месеци

Износ на ануитет

2.866 денари во првата година, 3.002 денари за останатиот период

Начин на отплата

Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој 1-ви од месецот.

Каматна стапка

   5,50% годишна фиксна каматна стапка во првата година од користењето на кредитот и 7,90% годишна променлива каматна стапка за остатокот од периодот

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

7,49%

Вкупен износ за плаќање

179.447 денари

Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:

Износ на кредитот

150.000 денари

Вкупен износ на камата за кредитот

28.507 денари

Надомест за одобрување на кредитот

0 денари (без надоместок за одобрување во промотивен период до 30.6.2018 година)

Надомест за администрирање на кредитот

940 денари (0,2% на остатокот од долгот годишно, однапред на главниот долг на кредитот).

Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:

Надомест за обработка на барање

500 денари *Овој трошок не влегува во СВТ

Трошок за меница

200 денари *Овој трошок не влегува во СВТ

Датум на пример

30.4.2018

 

 

Лице за контакт:

Бојан Штерјовски

Раководител на Оддел за работа со население

Дирекција деловна мрежа

Тел. 02/ 32 47 000 лок. 480

e-mail. bojan.sterjovski@ttk.com.mk

 

 

* Последна промена направена на интернет-страницата 1.6.2018 година.


 

СУПЕР станбениот кредит на ТТК Банка АД Скопје достапен без надоместок за одобрување во промотивен период до 31.7.2018 година
ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на депозитите на физичките и правните лица
Поповолни каматни услови за потрошувачките кредити Премиум СМАРТ и Премиум ВИП на ТТК Банка АД Скопје
Онлајн промена на дневен лимит за плаќање преку Интернет - нова функционалност на VISA платежните картички на ТТК Банка АД Скопје
СУПЕР Станбен кредит со СУПЕР фиксна каматна стапка од 2,85% во првите три години
СЕГА Е ЛЕСНО, со ненаменскиот потрошувачки хипотекарен кредит со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување