Денарски гаранции
Гаранцијата е писмен документ со кој банката-гарант се обврзува на безусловна и промптна исплата на одредена сума пари во корист на корисникот на гаранцијата, доколку должникот не исполни одредена обврска во предвидениот рок, која може да биде платежна или чинидбена.
Корисници
Мали и средни претпријатија, големи клиенти.
Износ
Тендерски гаранции:
Во зависност од условите во објавениот тендер, бонитетот на барателот и понуденото обезбедување.
Чинидбени гаранции:
Во зависност од условите во договорот склучен помеѓу барателот и корисникот на гаранцијата, бонитетот на барателот и понуденото обезбедување.
Платежни гаранции:
Во зависност од условите во договорот склучен помеѓу барателот и корисникот на гаранцијата, бонитетот на барателот и понуденото обезбедување.
Царински гаранции:
Во зависност од бонитетот на барателот и понуденото обезбедување.
Намена на гаранцијата
Тендерски гаранции:
· За учество на тендери.
Чинидбени гаранции:
· За навремено и квалитетно извршување работи во согласност со склучен договор помеѓу барателот и корисникот на гаранцијата.
· За враќање примен аванс.
Платежни гаранции:
· За обезбедување на плаќања, во согласност со склучен договор помеѓу барателот и корисникот на гаранцијата.
Царински гаранции:
· За обезбедување на долг во следните царински постапки:
· Пуштање во слободен промет;
· Царинско складирање;
· Увоз за облагородување;
· Преработка под царинска контрола;
· Привремен увоз;
· Извоз за облагородување;
· Извоз;
· Привремено чување.
Валута
МКД.
Рок
Во зависност од условите.
Обезбедување
· Депозит (девизен или денарски);
· Хипотека на недвижен имот;
· Меница;
· Рачен залог на опрема;
· Друг вид обезбедување кој се договара дополнително.
Потребни документи
· Барање по пропишан образец на Банката;
· Решение од Централен регистар;
· Картон на депонирани потписи во Банката;
· ЗП Образец (образец за потписници во име на фирмата);
· Копија од лична карта на управител;
· Биланс на состојба и биланс на успех за последните две години пополнето по аналитика;
· Заклучен лист за последната година и за тековната година со последниот датум со кој е прокнижен;
· Аналитички конта со датум ист како и заклучните листови:
· 120/121
· 220/221
· 75 (по месеци)
· 100 (по месеци);
· Состојба на залихи;
· Ревизорски извештај (се однесува за АД и друштва кои според законот се обврзани да изготвуваат ревизорски извештај);
· Акционерска книга и статут за АД;
· Потврда за бонитет издаден од депонентна банка;
· Докази за сопственост на понуденото обезбедување;
· За недвижен имот: имотен лист;
· За залог на опрема (фактури, увозни царински декларации);
· Изјава за задолженост во други банки;
· Извештај за процена на вредноста на понуденото обезбедување изготвена од овластен судски проценител;
· За тендерски гаранции: Фотокопија на објавениот тендер во дневен весник или во службен весник;
· За чинидбени и платежни гаранции: договор склучен меѓу правните лица.
Тарифа за надоместоци - денарски гаранции за правни лица
Лице за контакт:
Горан Томовски
Директор на Дирекција за правни лица
Сектор за Комерцијално Банкарство
Тел. 02/ 32 47 000 лок.459
e-mail. goran.tomovski@ttk.com.mk
Андријана Томовска
в.д. Раководител на Оддел за позадински обработки на платен промет, средства и ликвидност
Дирекција за Позадински обработки
Тел. 02/ 32 47 000 лок.027
e-mail. andrijana.tomovska@ttk.com.mk
* Последна промена направена на интернет-страницата 30.8.2018 година. |