македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Трансакциски сметки

Девизна трансакциска сметка - резидент

Корисници

  • Физички лица - државјани на Република Македонија;
  • Физички лица - странски државјани - со привремен престој во Република Македонија од најмалку 6 месеци;
  • Малолетни лица и лица на кои им е одземена деловната способност, кои пред Банката ги застапува законски застапник, односно старател во согласност со законските одредби.
  • Сопственикот на девизната сметка може да даде овластување на друго лице кое ќе располага со средствата од неговата сметка, при што овластеното лице работи во согласност со прописите кои го регулираат платниот промет со странство за резиденти (независно од неговиот статус на резидент или нерезидент).

Валута

  • Во странска валута.

Каматна стапка на позитивно салдо

EUR

  AUD

USD

GBP

CHF

Останати

0,00%

0,00%

0,00%

0,00%

0,00%

0,00%

Потребни документи

  • Барање за отворање сметка;
  • Важечки документ со слика - лична карта или пасош - за домашно физичко лице со постојано место на живеење во Република Македонија;
  • Важечка лична карта за странци или виза за престој, односно работна виза во траење од најмалку 6 (шест) месеци, за физички лица со привремен престој во Република Македонија;
  • Прашалник - за регистрација на клиент;
  • Изјава - за статус на странски физички лица кои привремено престојуваат во Републиката со работна виза или виза за престој од најмалку 6 (шест) месеци.

Работење со девизна сметка

  • Преку девизната сметка се вршат готовински и безготовиснки трансакции  (уплати и исплати) во согласност со прописите кои го регулираат девизното работење.

Уплати на девизна сметка

  • Со вложување ефективни странски пари - вложувањето на ефектива е слободно.
  • Со девизни приливи од странство (ЛОРО дознаки) и од земјата - девизните приливи се обработуваат од страна на Банката (со образец 743) врз основа на доставен податок од клиентот за основот на приливот.

Исплати од девизна сметка

  • Повлекување ефектива - Повлекувањето ефектива е без ограничување во рамки на расположливи средства на сметката. повлекување ефектива во денарска противвредност и денарски плаќања се врши преку денарска трансакциска сметка.
  • Девизни плаќања во странство (НОСТРО дознаки) и во земјата - се вршат врз основа на доставени писмени инструкции од страна на клиентот и приложената документација за режимска контрола на основот на плаќање (со обработка на образец 1450 од страна на Банката, кој го потпишува клиентот).

Известување за направени приливи и одливи на сметка (изводи)

  • Банката го известува клиентот за секој пристигнат прилив (истиот или најдоцна наредниот ден по приемот).
  • Банката издава изводи за состојбата и за промените на девизната сметка на шалтерите на Банката.
  • Клиентот има обврска да подигнува извод најмалку еднаш месечно.
  • Банката може преку изводите истовремено да го информира и да го известува клиентот за одредени новини и промени во работењето.
  • Со пријава на корисничко име, состојбата на сметката може да се следи и на интернет.

Водење на сметка

  • Клиентот е должен да и достави на Банката ажуриран документ за идентификација (нова патна исправа со важечки рок, по истекот на рокот на важност на старата) и да ја пријави во Банката секоја промена на личните, адресните и контакт-податоците.
  • Во случај на губење/кражба на картичката, клиентот е должен да ја пријави во Банката, по што Банката му издава нова.

Затворање на сметка

  • Банката ја затвора девизната сметка врз основа на поднесено писмено барање и во согласност со прописите и одредбите од договорот за отворање сметка.

 

 

Тарифа за надоместоци - девизен платен промет за физички лица

 

 

Лице за контакт:

Александра Стојмановска

Раководител на Оддел за платен промет во земјата и странство

Дирекција за деловна мрежа

Тел.: 02/ 32 47 000 лок. 425

e-пошта: aleksandra.stojmanovska@ttk.com.mk

 

* Последна промена направена на интернет-страницата 12.2.2020 година.


 

Известување за исплата на паричните права од социјална заштита од 4-ти август
Известување за предвремена исплата на јулски пензии од 28-ми јули 2020 година
ТТК Банка донираше компјутери за ученици од социјално ранливи семејства
Известување за исплата на паричните права од социјална заштита од 4-ти јули
Јавен повик за учество на XXXIV седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите од 1.6.2020 година
ТТК Банка АД Скопје со нови промотивни депозити за штедачите - ПРОМО ФИКС во денари и во евра
Известување за промена на договорните услови за кредитните производи на правни лица
Известување за понудата за одложување на плаќањето на кредитните обврски на клиентите - физички лица
ТТК Банка АД Скопје однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 10,5 милиони денари

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување