македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

Кредити

ВИП кредит - ненаменски потрошувачки кредит со годишна фиксна каматна стапка од 5,50% во првата година и 7,90% годишна фиксна каматна стапка за остатокот од периодот на отплата (намален  надоместок за одобрување до 31.12.2017 година)

Доколку работите во една од поголемите и успешни компании (со месечни примања над 30.000 денари), може да аплицирате за ВИП кредит на ТТК Банка и да добиете брз и едноставен пристап до финансиски средства, по многу поволни услови и каматни стапки. Искористете го ВИП третманот кој ви го нуди ТТК Банка и уживајте во привилегиите и престижот кој го заслужувате.

·          НАЈНИСКА каматна стапка;

·          БЕЗ НАДОМЕСТОК за обработка на барање:

·          БЕЗ НАДОМЕСТОК за предвремена отплата;

·          БЕЗ ЖИРАНТИ.

 

Корисници

·  Државјани на Република Македонија, деловно способнилица над 18 години, кои имаат засновано редовен работен однос на неопределено време и работен однос на определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива рокот на кредитот) и се вработени во државни институции, акционерски друштва и бонитетни приватни фирми со над 25 вработени, класифицирани во А или Б категорија (ЕЛЕМ, ОКТА, МАКПЕТРОЛ, ТЕЛЕКОМ, ОНЕ, ВИП, АЛКАЛОИД, ФОД БИТОЛА ПЛОДНОСТ БИТОЛА, ЕВРОПА АД СКОПЈЕ, АЏИБАДЕМ СИСТИНА, РЕМЕДИКА, БУЧИМ РАДОВИШ);

·  Физички лица кои примаат и не примаат плата преку ТТК Банка;

·  Физички лица,  класифицирани во А категорија во последните 12 месеци.

Критериуми

·  Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот;

·  Минималните месечни примања на кредитобарателот не смее да бидат под 30.000 денари (континуирано во последните 12 месеци) при аплицирање за кредитниот производ.

Износ

·   Максимален износ 600.000 денари

Валута

·   МКД

Начин на отплата

·   Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој први од месецот;

·  Кредитот се става во отплата на први наредниот месец од денот на исплатата.

Рок на отплата

·   84 месеци

Каматна стапка

·  5,50% годишна фиксна каматна стапка во првата година, 7,90% годишна фиксна каматна стапка за остатокот од периодот на отплата, за категорија на корисници на Премиум ВИП пакетот (Премиум ВИП пакетот е наменет за физички лица кои ги исполнуваат условите за корисници на ВИП кредитот и кои ја примаат платата преку ТТК Банка - I категорија);

·  6,00% годишна фиксна каматна стапка во првата година, 8,30% годишна фиксна каматна стапка за остатокот од периодот на отплата, за категорија на корисници на Премиум ВИП (Премиум ВИП е наменет за физички лица кои ги исполнуваат условите за корисници на ВИП кредитот и кои не ја примаат платата преку ТТК Банка - II категорија);

·  За периодот од искористување на кредитот до денот на ставање на кредитот во отплата, Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористување на кредитот.

Казнена каматна стапка

·  11,25% годишна променлива каматна стапка (законска казнена) за достасани, а неподмирени обврски.

Метод и период на пресметка на камата

·   Пресметката на камата се врши месечно по пропорционална метода.

Надоместоци

 

·   Без надоместок за обработка на барање за кредит за физички лица;

·   При исплата на кредитот:

   - 1% мин. 1.000 денари (намален надоместок за одобрување 0,50% мин. 1.000 денари, за поднесени апликации во промотивен период од 1.10.2017 година до 31.12.2017 година);

·  За администрирање на кредитот 0,2% на остатокот од долгот (годишно, однапред на главниот долг на кредитот);

·   Без провизија за предвремена делумна отплата;

·   Без провизија за предвремена целосна отплата.

Трошоци

·   трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот);

·   трошоци за меница;

 ·   нотарски трошоци во согласност со нотарската тарифа за кредити над 400.000 денари за приматели на плата, односно над 300.000 денари за неприматели на плата.

СВТ

·   Преглед на СВТ

Обезбедување

 

·  Без жиранти;

·  Административна забрана на плата од фирмата во која работи кредитобарателот и согласност за издавање (доколку акционерското друштво/буџетската државна институција/јавното претпријатие ја издава);

·   Меница со менична изјава потпишана од кредитокорисникот.

 

Меница во форма на нотарски акт

За секоја поединечна кредитна изложеност на Банката кон физичко лице по основ на потрошувачки кредит во износ над 600.000 денари која е обезбедена со меница, меницата мора да биде во форма на нотарски акт со извршни клаузули.

Потребни документи

·  Апликација за кредит;

·  Фотокопија од важечка лична карта или пасош за кредитокорисникот;

·  Фотокопија од последна платена сметка за комуналии - струја на адресата на живеење на кредитокорисникот;

·  Потврда за редовен работен однос, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавачот (не постара од 30 дена);

·  Извод од трансакциска сметка за последни 3 месеци.

Документи за наплата

·  Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на корисникот, примател на плата преку ТТК Банка.

Исплата

·  На трансакциска сметка на корисникот на кредитот.

 

 

 

Пример

Вид на кредитот

Ненаменски потрошувачки ВИП кредит (приматели на плата преку ТТК Банка)

Износ

350.000 денари

Рок на отплата

60 месеци

Износ на ануитет

6.686 денари во првата година, 7.006 денар за останатиот период на отплата

Начин на отплата

Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој први од месецот

Каматна стапка

5,50% годишна фиксна к.с во првата година, 7,90% фиксна годишна к.с за остатокот од периодот

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

7,71%

Вкупен износ за плаќање

420.441 денари

Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:

Износ на кредитот

350.000 денари

Вкупен износ на камата за кредитот

66.497 денар (во износот не е вклучен износот на интеркаларна камата)

Надомест за одобрување на кредитот

1.750 денари (намален надоместок за одобрување 0,50% мин. 1.000 денари во промотивен период до 31.12.2017 година).

Надомест за администрирање на кредитот

2.194 денари (0,2% на остатокот од долгот годишно, однапред на главниот долг на кредитот).

Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:

Трошок за меница

500 денари *Овој трошок не влегува во СВТ.

Датум на пример

1.7.2017

 

 

 

Лице за контакт:

Бојан Штерјовски

Раководител на Оддел за работа со население

Дирекција Деловна Мрежа

Тел. 02/ 32 47 000 лок. 480

e-mail. bojan.sterjovski@ttk.com.mk

 

* Последна промена направена на интернет-страницата 1.10.2017 година.


 

Нова понуда на депозитни производи за физички лица со фиксни каматни стапки од 1.8.2017 година
СУПЕР Станбен кредит со СУПЕР фиксна каматна стапка од 2,85% во првите три години
СЕГА Е ЛЕСНО, со ненаменскиот потрошувачки хипотекарен кредит со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување