македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Соопштенија за јавност 2019

Успешна прва емисија на корпоративната обврзница на ТТК Банка АД Скопје

 

ТТК Банка АД Скопје успешно ја реализираше првата емисија на долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративни обврзници по пат на јавна понуда. 

 

За исклучително брзо време, во првите секунди од отворањето на јавната понуда, се запишаа и уплатија 100% од понудените 1.500 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од пет години и три месеци, а во вкупна вредност од 1.500.000 евра. Каматната стапка е фиксна и изнесува 3,5% годишно. Бројот на заинтересирани инвеститори трикратно ја надмина понудената количина.

 

„Oвој пионерски чекор за нашиот пазар - прва успешна продажба на корпоративна обврзница издадена од ТТК Банка АД Скопје по пат на јавна понуда на примарниот регулиран пазар на Македонската берза, покажа дека постои голем интерес од инвеститорите за вложување во корпоративни обврзници на стабилни и перспективни банки што е потврда за успехот и резултатите на ТТК Банка АД Скопје. Издавањето на оваа хартија од вредност значи поддршка на развојот како на примарниот така и на секундарниот пазар на капитал. На овој начин ТТК Банка АД Скопје ја потврдува својата определба да го истакне значењето на користењето на производите на пазарот на капитал и нивното комбинирање со депозитите како традиционални извори на финансирање“ - изјави Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје проф. д-р Драгољуб Арсовски.

 

TTK Банка АД Скопје се одлучи на овој чекор со цел обезбедување долгорочни и стабилни извори на средства, зајакнување на капиталната сила и вкупниот финансиски капацитет на Банката, а во согласност со планираните бизнис цели утврдени во Деловната политика, развојниот и финансискиот план за наредниот период.

 

Обврзниците во наредниот период ќе бидат ставени на листата на регулираниот пазар на Македонската берза каде ќе бидат достапни за секундарно тргување за инвеститорите, правни и физички лица. Приходите од вложување во обврзница се стабилни и предвидливи, што ги прави популарни за инвеститорите кои сакаат да остварат сигурни приходи.

 

ТТК Банка АД Скопје во 2018 година ги оствари своите најдобри финансиски резултати, а и во 2019 година продолжува со активна поддршка на физичките и правни лица при остварување на нивните финансиски цели и потреби. ТТК Банка АД Скопје ќе ги искористи прибраните средства од емисијата за финансирање и понатамошен развој и унапредување на работењето со физичките и правни лица.

 

Принципите на работење коишто подразбираат фокус кон континуирано подобрување на услугите на клиентите, константно унапредување на внатрешната организација и ефикасноста како и развивање на политиките за управување со ризиците ќе бидат основа за работење на Банката и во иднина.

 

 

*објавено на 18.9.2019 година


 

Известување за исплата на паричните права од социјална заштита од 4-ти август
Известување за предвремена исплата на јулски пензии од 28-ми јули 2020 година
ТТК Банка АД Скопје со нови промотивни депозити за штедачите - ПРОМО ФИКС во денари и во евра
Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите од 1.6.2020 година
ТТК Банка донираше компјутери за ученици од социјално ранливи семејства
Јавен повик за учество на XXXIV седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Известување за промена на договорните услови за кредитните производи на правни лица
Известување за понудата за одложување на плаќањето на кредитните обврски на клиентите - физички лица
ТТК Банка АД Скопје однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 10,5 милиони денари

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување