ТТК Банка АД Скопје општествено одговорна компанија
ТТК Банка АД Скопје со својата стратегија за спонзорства и донации настојува да поддржи и да промовира вредности кои ги застапува и во своето работење: доверба, традиција, удобност, ентузијазам, искуство и знаење, иновативност, тимски дух и професионалност.
ТТК Банка АД Скопје е една од основачите на првиот Бизнис лидерскиот форум во Р. Македонија, кој ги обединува сите општествено одговорни компании.

Култура ТТК Банка АД Скопје поддржува негување и промоција на нашата богата музичка, театарска, филмска, уметничка и фолклорна традиција, како и проширување на културното знаење и размена на културни вредности.
Наука и образование Без образование нема да има ниту професионалност која е една од основните одлики на ТТК Банка. Ние во нашата банка сметаме дека секој денар инвестиран во образованието и науката е инвестиција во нашиот прогрес и просперитет.
Спорт Со својот ангажман за поддршка на спортовите во Македонија, ТТК Банка акцентот го става на важноста на тимскиот и натпреварувачки дух и остварувањето резултати.
Добротворни донации Грижата за загрозените граѓани и донации на оние на кои им е најпотребна помош е определба на ТТК Банка, која работи во тоа опкружување и се чувствува како дел од целата заедница, со желба сите да живееме во добро здравје и просперитет.
Вложувања во заедницата ТТК Банка АД Скопје е институција со високоизградена општествена одговорност која се грижи за околината во која живее и работи и негува цврсти врски на пријателство и соработка со институциите од општествениот и економскиот развој на заедницата.
Испратете барање за спонзорство или донација
Дирекција за маркетинг и развој на производи ул. Народен Фронт 19а, 1000 Скопје тел. 02/32 47 000 лок. 433;452;478 факс: 02/31 31 387 marketing@ttk.com.mk |
.
|