Со цел поголема достапност на услугите, ТТК Банка АД Скопје ја прошири мрежата на банкомати во Гостивар со нов Cash-in банкомат и постави банкомат на нова локација.
Од денес на Ваше располагање е банкоматот на новата локација во Гостивар, на ул. „Браќа Гиноски“ бб.
На новиот мултифункционален Cash-in банкомат, во рамките на експозитурата во Гостивар, на ул. „Иво Лола Рибар“ бр. 18, освен стандардните услуги (подигнување готовина без провизија, проверка на состојбата на сметка, промена на ПИН-кодот на VISA платежните картички и сл.) корисниците - физички лица ќе можат да вршат уплата на готовина на својата трансакциска сметка во Банката, а правните лица да го уплатат дневниот пазар. Користењето на услугите е овозможено преку идентификација со VISA платежна картичка.
Услугите преку мрежата на банкомати се достапни 24/7. Во секое време на Ваше располагање се и услугите преку апликацијата за мобилно банкарство TTK M-bank и електронското банкарство TTK E-bank.