македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Кредити со РИЗИКО кредитно животно осигурување во соработка со „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје (без надоместок за одобрување до 31.12.2020 година)

 

 

РИЗИКО кредитното животно осигурување или осигурување на живот на корисници на кредит отсега е достапно во сите експозитури и филијали на ТТК Банка АД Скопје, во соработка со осигурителното друштво „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје. 

 

 

Со вклучување на осигурувањето во својата понуда, ТТК Банка АД Скопје станува прв избор на корисниците за купување кредитни производи коишто вклучуваат животно осигурување, а кои Банката ги нуди со атрактивни каматни стапки, фиксни каматни стапки на подолг рок, подолг рок на отплата, поголеми максимални износи на кредит, без трошоци за одобрување, без трошоци за администрирање и без трошоци за предвремена отплата на кредитот.

 

ТТК Банка АД Скопје е лиценциран застапник за продавање полиси за животно осигурување од „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје. Полисата ја издава осигурителната компанија „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.

 

Со РИЗИКО животното осигурување се добива кредитна заштита којашто значи дека во случај на несакан настан (смрт) на осигуреното лице – семејството не ги наследува кредитните обврски по основ на кредитот.

 

Полисата за РИЗИКО животно осигурување е дел од кредитната пакет понуда на ТТК Банка АД Скопје односно корисниците можат да аплицираат за кредитните производи со ризико животно осигурување:

Полисата за РИЗИКО животно осигурување овозможува осигурително покритие за подмирување на преостанатиот кредитен долг во случај на несакан настан: смрт како последица од болест или несреќен случаj во согласност со Општите услови за Осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит на „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.

 

Полисата за РИЗИКО животното осигурување корисникот ја плаќа еднократно од самиот кредит со што се остварува и дополнителен попуст на премијата на РИЗИКО животното осигурување.

 

Осигурувањето на живот може да се склучи за случај на смрт, со или без лекарски преглед.

 

Со осигурувањето на живот можат да се осигураaт здрави лица и тоа од наполнети 18 до наполнети 65 години старост. Осигурувањето во секој случај завршува во календарската година кога осигуреникот (односно постариот од осигурениците кај заемното осигурување) ќе наполни 75 години.

 

Посетете ја најблиската експозитура или филијала  на ТТК Банка АД Скопје или јавете се на телефоните на деловната мрежа достапни на интернет-страницата на Банката и информирајте се за износот на премијата за полиса за РИЗИКО животното осигурување,  којашто зависи од возраста и здравствената состојба на осигуреникот (се одредува во согласност со одговорите во здравствениот прашалник за кредитното осигурување), износот на кредитот и рокот на отплата на кредитот.

 

Триглав Осигурување Живот“ АД, Скопје е дел од Групацијата „Триглав“, една од водечките осигурително - финансиски институции во Југоисточна Европа.  Препознатлива е кај своите клиенти по својата стабилност, знаење, висок квалитет на производи и услуги и доверливост. Групацијата „Триглав“ се залага за градење сигурна иднина, а нејзините вредности, како агилност, доверливост и едноставност служат само како потврда на внимателно одбраните принципи на работа.

 

Имајќи го клиентот во својот фокус, постојано ја развива својата експертиза во креирањето производи коишто директно комуницираат со потребите на клиентите и можните ризици, сè со цел да им помогне на клиентите да инвестираат во сопствената иднина.


 

Известување за предвремена исплата на пензиите од 27-ми октомври 2020 година
ТТК Банка предупредува на лажно претставување со злоупотреба на името на Банката
Известување за исплата на паричните права од социјална и детска заштита од 5-ти октомври
Јавен повик за учество на XXXV седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Известување за предвремена исплата на пензиите од 28-ми септември 2020 година
Поволно штедење во ТТК Банка АД Скопје со промотивните депозити за физички лица - ПРОМО ФИКС во денари и во евра
Без трошоци за одобрување и администрирање за кредитите со РИЗИКО кредитно животно осигурување до 31.12.2020 година
Интервју со Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка д-р Драгољуб Арсовски за „Фактор“: Кризата се ширеше побрзо и од вирусот, ТТК Банка одговори силно на предизвиците
ТТК Банка АД Скопје со понуда за ново одложување на отплатата на кредитните обврски за физички лица
Јавна понуда број 02-5740/2 од 4.9.2020 година за промена на договорните услови за кредитните производи на физички лица
Позитивен финансиски резултат на ТТК Банка АД Скопје за периодот од 1.1.2020 до 31.7.2020 година
Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите од 1.6.2020 година

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување