Известување за измени во тарифата за надоместоци на услугите за дебитни и за кредитни VISA картички
Почитувани,
Ве информираме за промената на тарифата од областа на работењето со дебитните и со кредитните VISA картички во согласност со пазарните услови.
Со важност од 1-ви април членарината за дебитните Visa картички со месечен промет над 8.000 денари, остварен преку ПОС терминалите во трговската мрежа, и понатаму останува без надоместок, додека за дебитните картички со месечен промет до 8.000 денари ќе изнесува 20 денари. Задолжувањето на членарината ќе се врши на последниот ден од месецот. Од оваа промена се изземаат корисниците на дебитни картички кои се приматели на пензија и социјална помош преку ТТК Банка АД Скопје.
Членарината за кредитните картички за примателите на плата и пензија преку ТТК Банка АД Скопје месечно ќе изнесува 75 денари, додека за останатите корисници 125 денари. Корисниците кои имаат остварен годишен промет во трговија над 100.000 денари и понатаму нема да се задолжуваат за овој трошок.
Со важност од 5-ти април се менуваат провизиите за подигнување готовина со дебитни Visa картички на банкомати од другите банки во земјата и во странство, како и провизиите за подигнување готовина сo кредитните Visa картички на сите банкомати во земјата и во странство за корисниците - физички и правни лица. Подигнувањето на готовина од банкомат на ТТК Банка, со дебитна Visa картичка, за корисниците - физички лица и понатаму останува бесплатно.
Тарифата можете да ја преземете тука како и во сите експозитури и филијали на ТТК Банка АД Скопје.
ТТК Банка АД Скопје континуирано вложува во унапредување на услугите и во подобрување на корисничкото искуство со Visa картичките овозможувајќи:
-
Плаќање на рати без надоместок за Visa дебитни картички до 6 (шест) рати;
-
Бесконтактно плаќање без провизија на ПОС терминалите во земјата и во странство;
-
-
Едноставно следење на промените и состојбата на картичките преку дигиталните канали TTK E-bank и TTK M-bank и преку електронските сервиси за информирање;
-
„3DS2 Secure“ највисоко ниво на безбедност за интернет-трансакции;
-
„Cash In“ функционалности достапни преку широката мрежа на банкомати;
-
Чип-технологија за поголема сигурност и безбедност;
-
Издавање/обновување на картичката на долг рок од 5 години;
-
24-часовна поддршка на корисниците, насекаде во светот.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје
* објавено на 1.4.2021 година. |