На 25.12.2013 година, точно пред 20 години, беше формирана Тетекс Банка АД Скопје, еден од правните претходници на денешна ТТК Банка. |
Со манифестацијата одржана во "Александар Палас" на 01.11.2013, свечено беше означена успешната реализација на едногодишниот проект "Спортски бонтон". |
На 30 и 31 октомври се одржа вториот по ред саем за банки и штедилници „Банкекспо 2013”, организиран од Здружение на банкарство при Стопанска комора на Македонија. ТТК банка беше дел од настанот кој годинава беше регионален и се претстави со своите промотивни производи и услуги. |
Штедење за поубава иднина - едукативни активности на ТТК Банка за поттикнување на иницијативата за штедење - по повод Светскиот ден на штедењето 31-ви октомври |
На ден 26.10.2013 се одржа 18-тото есенското издание на детскиот фестивал „Јаболчиња“ во Тетово. ТТК банка и овој пат ја поддржа оваа културна манифестација наменета за најмладите која прерасна во вистински фестивалски бренд. |
TTK Банка, како општествено одговорна компанија со задоволство го поддржува првиот “Кариерен Експо 2013” кој ќе се одржи на ден 9-ти октомври 2013 година (среда) со почеток од 10 часот во "Мала станица", организиран од Младинскиот совет на американската амбасада во Скопје.
 |
TTK Банка го поддржа првиот најзначаен настан за модната индустрија и градот Штип "Денови на модата 2013", кој се одржа во периодот од 26-ти до 29-ти септември 2013 година во Штип. |
Внимателно следејќи ги потребите и желбите на своите корисници, ТТК Банка ја намали каматната стапка на ненаменскиот потрошувачки кредит за пензионери, приматели на пензија во Банката на 9,5% годишно, со рок до 7 години и со тоа понуди најповолни услови на пазарот. За потрошувачки кредит со пократок рок до 12 месеци, Банката нуди најниска каматна стапка од 7,5% годишно. Хипотекарниот кредит во ТТК Банка, пензионерите може да го добијат со каматна стапка од 7,5% годишно. |
Од 7-ми август 2013 година, ТТК Банка ја проширува својата деловна мрежа со отворање нова експозитура во Скопје, Ѓорче Петров и со тоа станува подостапна за корисниците на производите и услугите на Банката. |
ТТК Банка АД Скопје во текот на првото полугодие од 2013 година дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи и заклучно со 30.06.2013 година оствари позитивен финансиски резултат кој изнесува 34.534 илјади денари. Резултатот е речиси двојно повисок во однос на остварениот финансиски резултат во истиот период минатата година. |
Во согласност со законските одредби од Законот за облигациони односи, обврската за полугодишно ревидирање на законската казнена и договорна каматна стапка за физички и правни лица, како и висината на референтната каматна стапка на НБРМ (3,50%) и 1м ЕУРИБОР (0,123%) на последниот (работен) ден на тековното полугодие 28.06.2013 година, од 01.07.2013, ТТК Банка изврши промена на законската казнена каматна стапка за денарски побарувања од 11,75% на 11,50%, како и промена на законската казнена каматна стапка за девизните и денарските побарувања со девизна клаузула од 8,109% на 8,123%. |
Почитувани корисници, во периодот од 1-ви јули до 31-ви август 2013 година, дел од ескпозитурите ќе работат со летно работно време |
ТТК Банка продолжува со стабилно темпо и значително подобрување на финансиските показатели во првиот квартал |
Од април 2013 година, деловната мрежа на ТТК Банка стана уште подостапна за корисниците на производи и услуги од Банката.  |
Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК БАНКА АД Скопје, донесена на 27.02.2013 год. Експозитурата на ТТК БАНКА АД Скопје во Карпош 4 ќе престане со работа, заклучно со датум 31.03.2013 год. |
Ве известуваме дека од 01 Април 2013 год. Филијалата на ТТК Банка ќе започне со работа на нова локација |
Почнувајќи од 20.02.2013 год, ТТК Банка ги намали каматните стапки за депозити за физички и правни лица, што се должи на намалувањето на каматната стапка на благајничките записи.  |
ТТК Банка АД Скопје воведе промени и новитети во рамките на ненаменскиот потрошувачки кредит Премиум СМАРТ. Сите нови корисници на ненаменски потрошувачкиот кредит Премиум СМАРТ ќе добијат најниска годишна каматна стапка од 7,5% и пониска провизија за одобрување. Кредитот е достапен без жиранти во зависност од висината на платата и износот на кредитот |
|