македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало

 

На 28 октомври 2020 година ТТК Банка АД Скопје свечено ја отвори новата експозитура во Дебар Маало во Скопје.

 

Експозитурата во современо опремен простор кој се наоѓа на бул. „Партизански одреди“ бр. 26а, ќе работи секој работен ден, од понеделник до петок, со работно време од 8:00 до 16:00 часот и ќе ги опслужува сегментите на физичките и на правните лица со сеопфатни банкарски услуги. Во рамките на експозитурата ќе функционира и банкомат кој намалувајќи го потребното време и трошоци за исплата на готовина, независно од работното време на експозитурата, ќе понуди подобро искуство за корисниците.

 

“Со особено задоволство денес свечено го означуваме почетокот на работата на новата експозитура во населбата Дебар Маало. ТТК Банка АД Скопје ја проширува својата деловна мрежа на уште една атрактивна локација во Скопје, во општина Центар. Следејќи ја главната цел да биде прв и сигурен избор, со своето искуство, традиција и професионалност, Банката континуирано се стреми кон унапредување на работењето. Денес, во актуелните услови на епидемија, Банката ја зголемува достапноста на производите и услугите што ќе ја олесни реализацијата на секојдневните финансиски потреби на корисниците, жителите на Општина Центар, односно градот Скопје” - истакна Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, д-р Драгољуб Арсовски.

 

По повод отворањето на експозитурата, ТТК Банка АД Скопје подготви изненадувања за првите 100 корисници кои ќе отворат сметка, ќе ги активираат дигиталните услуги на Банката, електронското банкарство TTK E-bank и мобилното банкарство TTK M-bank или  ќе аплицираат за кредит во новата експозитура.

 

Високостручниот тим ќе овозможи ефикасна и брза поддршка при изборот и користењето на финансиските производи и услуги што ги нуди Банката.

 

Корисниците ќе имаат можност да аплицираат за кредитни производи со вклучено ризико кредитно животно осигурување, без надоместок за одобрување, со атрактивни фиксни каматни стапки, и тоа: СМАРТ ненаменски потрошувачки кредит со фиксна к.с. од  4,85% во првите 2 години од отплатата, СУПЕР станбен кредит со фиксна к.с. од 3,45% во првите 10 години, хипотекарен кредит со фиксна к.с. од 4,70% во првите 3 години; да аплицираат за одобрување дозволено пречекорување до три плати или до две пензии за приматели на плата/пензија во Банката; да ја изберат промотивната понуда ПРОМО ФИКС за штедење во денари и во евра за физички лица како и многу други поволности. Користењето на електронско банкарство TTK E-bank и мобилно банкарство TTK M-bank Банката го овозможува без трошоци за активирање и месечно користење. На истата локација ќе биде достапна и услугата за брз трансфер на пари - MoneyGram.

 

Со отворањето на новата експозитура во Скопје ТТК Банка АД Скопје ја прошири својата деловна мрежа на вкупно 28 локации, од кои 8 во Скопје, а останатите 20 надвор од главниот град.

 

Во 2019 година, ТТК Банка АД Скопје ги оствари своите најдобри финансиски резултати, а и во 2020 година продолжува со активна поддршка на физичките и на правните лица при остварување на нивните финансиски цели и потреби. Следејќи ги пазарните трендови во правец на постојаната и сè поприсутна веб-технологија, поедноставени, брзи, 24-часа достапни услуги еден од главните приоритети на ТТК Банка АД Скопје останува постојаното вложување во новата технологија како и воведувањето нови функционалности и услуги.

 

 

 

 

* објавено на 28.10.2020 година


 

Известување за четвртото издание на едукативниот настан „Денови на финансиската писменост“
Известување за времено затворање на експозитура Куманово 1
Известување за промена на локација на банкомат во Битола
ТТК Банка АД Скопје ја прошири деловната мрежа со нова експозитура во Кавадарци
Известување за исплата на паричните права од социјална и детска заштита од 4-ти ноември
ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало
ТТК Банка предупредува на лажно претставување со злоупотреба на името на Банката
Јавен повик за учество на XXXV седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Поволно штедење во ТТК Банка АД Скопје со промотивните депозити за физички лица - ПРОМО ФИКС во денари и во евра
Без трошоци за одобрување и администрирање за кредитите со РИЗИКО кредитно животно осигурување до 31.12.2020 година
Интервју со Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка д-р Драгољуб Арсовски за „Фактор“: Кризата се ширеше побрзо и од вирусот, ТТК Банка одговори силно на предизвиците
Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите од 1.6.2020 година

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување