македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

Кредит за енергетска ефикасност со фиксна каматна стапка од 4,00% во првата година

Заштедете енергија - заштедете пари со кредитот наменет за инвестиции кои ќе придонесат за поголема енергетска ефикасност и заштеда на енергија во вашиот дом.

Корисници

·   Државјани на Република Македонија, деловноспособни лица над 18 години, кои имаат засновано редовен работен однос на неопределено време и работен однос на определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во јавна администрација и бонитетни претпријатија и институции прифатливи за Банката; пензионери;

·   Физички лица кои примаат/не примаат плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка.

Критериуми

·   Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот;

·   Минималните месечни примања на кредитобарателот не смее да бидат пониски од 9.000 денари;

·   Максималната старост на кредитобарателот не смее да биде поголема од 70 години во моментот на доспевањето на последниот ануитет на кредитот.

Износ

·   до 600.000 денари за кредити во МКД, односно  10.000 ЕУР за кредити во МКД со девизна клаузула, во зависност од кредитоспособноста.

Намена на кредитот

За  инвестиции кои ќе придонесат за поголема енергетска ефикасност и заштеда на енергија во домот:

·   Термоизолација на објект -  вградување термоизолациски материјал на ѕидни, подни и покривни површини, како и замена на врати и прозорци кои ќе ја подобрат термоизолацијата;

·   Модернизација на системи за ладење и греење;

·   Енергија од обновливи ресурси;

·   Купување енергетски ефикасни уреди за домаќинство и бела техника;

·   Други инвестиции кои ќе придонесат за поголема енергетска ефикасност и заштеда на енергија во домот.

Валута

·   МКД;

·   МКД со девизна клаузула.

Начин на отплата

·   Еднакви месечни ануитети кои достасуваат на 1–ви секој месец.

·   Кредитот се става во отплата на 1-ви наредниот месец од денот на исплатата.

Рок на отплата

·   до 96 месеци со вклучен грејс период до 6 месеци.

Каматна стапка

МКД со девизна клаузула:

·          4,00% годишна фиксна во првата година, 6,90% годишна прилагодлива од втората година од отплатата на кредитот до целосната отплата на кредитот за кредитокорисници кои примаат плата преку ТТК Банка (I категорија), како и за корисници на Премиум СМАРТ пакетот (Премиум СМАРТ пакетот е наменет за: 1. Физички лица кои се вработени во државни институции и акционерски друштва и ја примаат платата преку ТТК Банка; 2. Физички лица, пензионери, кои се приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка; 3. Физички лица вработени во приватни фирми (кои постојат минимум 5 години), со месечни примања над 20.000 денари (континуирано во последните 12 месеци), класифицирани во А категорија  (континуирано во последните 12 месеци), што се приматели на плата преку ТТК Банка; 4. Физички лица  кои се вработени во нотарска, извршителска, адвокатска канцеларија (нотар, извршител, адвокат) и ја прима платата преку ТТК Банка) и Премиум ВИП пакетот;

·          5,00% годишна фиксна во првата година, 7,60% годишна  прилагодлива од втората година од отплатата на кредитот до целосната отплата на кредитот за кредитокорисници кои не примаат плата, односно пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка ( II категорија).

 

МКД:

·          6,50% годишна фиксна во првата година, 8,50% годишна прилагодлива од втората година од отплатата на кредитот до целосната отплата на кредитот за кредитокорисници кои примаат плата преку ТТК Банка (I категорија) како и за корисници на Премиум СМАРТ пакетот (Премиум СМАРТ пакетот е наменет за: 1.Физички лица кои се вработени во државни институции и акционерски друштва и ја примаат платата преку ТТК Банка; 2. Физички лица, пензионери кои се приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка; 3. Физички лица вработени во приватни фирми (кои постојат минимум 5 години), со месечни примања над 20.000 денари (континуирано во последните 12 месеци), класифицирани во А категорија  (континуирано во последните 12 месеци), што се приматели на плата преку ТТК Банка; 4. Физички лица  кои се вработени во нотарска, извршителска, адвокатска канцеларија (нотар, извршител, адвокат) и ја прима платата преку ТТК Банка) и Премиум ВИП пакетот;

·          7,50% годишна фиксна во првата година, 9,50% годишна  прилагодлива од втората година од отплатата на кредитот до целосната отплата на кредитот за кредитокорисници кои не примаат плата, односно пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка ( II категорија).

 

·   За периодот од искористување на кредитот до денот на ставање на кредитот во отплата Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористување на кредитот.

Казнена каматна стапка

·   Казнена каматна стапка од 11,75% годишно (законска казнена) прилагодлива за достасани, а не подмирени обврски за кредити во МКД.

·   Казнена каматна стапка од 7,634% годишно (законска казнена) прилагодлива за достасани, а не подмирени обврски за кредити во МКД со девизна клаузула.

Метод и период на пресметка на камата

·   Пресметката на камата се врши месечно по пропорционална метода.

Провизии

 

·   500  денари за приматели на плата/пензија, односно 700 денари за неприматели на плата/пензија во Банката, за обработка на барање за кредит за физички лица;

·   При исплата на кредитот 1,5% од износот или минимум 2.000 денари;

·   За администрирање на кредитот 0,2% на остатокот од долгот (годишно, однапред на главниот долг на кредитот) максимум 5.000 денари;

·   Без провизија за предвремена делумна отплата.

·   Без провизија за предвремена целосна отплата.

·   Надомест за измена на обезбедување за кредити за физички лица, 1% манипулативини трошоци еднократно, на преостанатиот износ од кредитната изложеност за кое се менува обезбедувањето, максимум 6.000 денари.

СВТ

·   Преглед на СВТ.

Обезбедување

За I и II категорија- приматели/ неприматели на плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка:

Плата

Обезбедување

Износ на кредит

>25.000 денари

Без жиранти

До 300.000 денари

1 (еден)  жирант

Од 300.001 денар до 450.000 денари

2 (двајца) жиранти

Над  450.001 денар

>15.000 ≤ 25.000 денари

Без жиранти

До 200.000 денари

1 (еден) жирант

Од 200.001 денари до 300.000 денари

2 (двајца) жиранти

Над 300.001 денар

≤15.000 денари

Без жиранти

До 150.000 денари

1 (еден) жирант

Од 150.001 денари до 200.000 денари

2 (двајца) жиранти

Над 200.001 денар

 

За категорија Премиум СМАРТ:

Плата

Обезбедување

Износ на кредит

>25.000 денари

Без жиранти

 До максималниот износ

>15.000 ≤ 25.000 денари

Без жиранти

До 450.000 денари

1 (еден) жирант

Од 450.001 денар до максималниот износ

≤15.000 денари

Без жиранти

До 300.000 денари

1 (еден) жирант

Од 300.001 денар до максималниот износ

 

За категорија Премиум ВИП: Без жиранти

Дополнително за сите категории:

·          Меница со менична изјава потпишана од кредитобарателот и жирантот/ите.

·          Административна забрана на плата од фирмата во која работи кредитобарателот и жирантот/ите  и согласност за активирање (доколку акционерското друштво/ буџетската државна институција/ јавното претпријатие ја издава).

·          Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на корисникот за приматели на плата, пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка.


Меница во форма на нотарски акт

За секоја поединечна кредитна изложеност на Банката кон физичко лице по основ на дозволено пречекорување на трансакциска сметка, кредитна картичка и/или потрошувачки кредит (освен хипотекарен) во износ над 300.000 денари за неприматели на плата преку Банката или над 400.000 денари за приматели на плата преку Банката, која е обезбедена со меница, меницата мора да биде во форма на нотарски акт.

Потребни документи

·   Апликација за кредит;

·   Фотокопија од важечка лична карта или пасош за кредитобарателот и жирантите;

·   Потврда за редовен работен однос, податоци за плата и обврски од платата за кредитобарателот и жирантите;

·   за лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци;

·   Фотокопија од последна платена сметка за струја за кредитобарателот;

·   За пензионери последен чек од пензија (од ПИОМ);

·   Фактура од изведувач/и или трговец/ци.

Исплата

·   По фактура во корист на трансакциска сметка на изведувач/и или трговец/ци преку трансакциска сметка на корисникот на кредитот.

 

 

Пример

Вид на кредитот

Наменски потрошувачки кредит за енергетска ефикасност, за вработени во буџетски институции и акционерски друштва, приматели на плата; приматели на пензија во банката.

(Премиум СМАРТ Пакет)

Износ

10.000 евра

Рок на отплата

96 месеци

Износ на ануитет

121,90 евра во првата година, 134,17 евра за останатиот период

Начин на отплата

-Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој 1-ви од месецот.

-Кредитот се става во отплата на 1-ви наредниот месец од денот на исплатата.

Каматна стапка

4,0% фиксна годишна каматна стапка во првата година од користењето на кредитот и 6,9% прилагодлива годишна каматна стапка за остатокот од периодот

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

7,02%

Вкупен износ за плаќање

12.979,19 евра

Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:

Износ на кредитот

10.000 евра

Вкупен износ на камата за кредитот

2.732,97 евра

Надомест за одобрување на кредитот

150,00 евра (1,50% мин. 2.000,00 денари)

Надомест за администрирање на кредитот

96,22 евра (0,2% на остатокот од долгот годишно, однапред на главниот долг на кредитот)

Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:

Надомест за обработка на барање

500 денари *Овој трошок не влегува во СВТ.

Трошок за процена на вредноста на недвижниот имот

Не е познат *Овој трошок не влегува во СВТ.

Нотарска награда за солемнизација на договорот за залог

Не е познат  *Овој трошок не влегува во СВТ.

Трошок за упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во соодветната јавна книга

Не е познат  *Овој трошок не влегува во СВТ.

Трошок за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици

Не е познат  *Овој трошок не влегува во СВТ.

Датум на пример

01.06.2016

 

 

Лице за контакт:

Бојан Штерјовски

Раководител на Оддел за работа со население

Дирекција Деловна Мрежа

Тел. 02/ 32 47 000 лок. 480

e-mail. bojan.sterjovski@ttk.com.mk

 

* Последна промена направена на интернет-страницата 1.1.2017 година.


 

Оглас за вработување - Референт на благајна, експозитура Кочани
Промена на пасивните каматни стапки на физички и правни лица од 1.2.2017 година
Интервју со проф. д-р Драгољуб Арсовски, Претседател на Управниот Одбор на ТТК Банка во месечниот бизнис магазин "Економија и бизнис"

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување