Известување за промена на локација на експозитура Кичево
Почитувани корисници,
Ве известуваме дека експозитурата на ТТК Банка АД Скопје во Кичево на ул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 10, Кичево, продолжува со работа на нова локација на бул. „Ослободување“ бр. 1, Кичево, со редовно работно време од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот. Во рамките на експозитурата ќе функционира и банкомат 24/7.
И понатаму остануваат достапни услугите преку банкоматот 24/7 (исплата на средства, проверка на состојба на сметка, промена на ПИН итн.) лоциран на досегашната локација на ул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 10, Кичево.
Во секое време на Ваше располагање се услугите достапни преку апликацијата за мобилно банкарство TTK M-bank, електронското банкарство TTK E-bank, како и мрежата банкомати на ТТК Банка АД Скопје.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје
* објавено на 21.12.2020 година |