македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Ненаменски потрошувачки кредити со ризико животно осигурување за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Референтни каматни стапки

 

Односи со јавностНагради и признанија

Награди и признанија

Активната поддршка на ТТК Банка АД Скопје се препознава во разни активности на спонзорства и донации на банката во културата, спортот и образованието, за што Банката има добиено повеќе награди и признанија за општествено одговорна компанија во Р. Македонија:

 На 11-та меѓународна конференција за човечки ресурси на тема „Човечките ресурси - катализатор на трансформацијата“,на ТТК Банка АД Скопје ѝ беше доделено одликување/амблем за „People-Oriented Company”. Одликувањето го прими претседателот на Управниот одбор, проф. д-р Драгољуб Арсовски.
Минатата година ТТК Банка АД Скопје по втор пат ја реализираше својата поддршка за реализација на младинските развојни програми ГЛОУ и ИМЛП - кампови за млади лидери во организација на „ИМКА“. Целта на проектите е развивање знаења и способности кај младите неопходни за нивно трансформирање во успешни и независни личности.
На 25 октомври 2017 година Младинската асоцијација „ИМКА Битола“ организираше свечено доделување на плакети во знак на благодарност за соработката и придонесот за реализација на проектот – летни едукативни кампови за млади лидери, кој се одржа летово во Крушево. Проектот има позитивно влјание за развојот на младите преку промовирање на здрави животни навики, вистински вредности, добро однесување, комуникација, лидерство, соработка, одговорност.
ТТК Банка е избрана за Национален шампион на Европските бизнис-награди, спонзорирани од RSM International, во категоријата Награда за иновација. Најголемиот престижен европски бизнис-натпревар, поддржан од бизнис-лидери, академици, медиуми и политички претставници од цела Европа, има за цел да ги препознае најдобрите бизнис-практики и извонредност, да го поддржи развојот на посилна и поуспешна европска бизнис-заедница.
На ден 10.03.2014 година, СОС Детското Село на ТТК Банка АД Скопје и додели “Благодарница за хуманост и исклучителна поддршка”.
На 01.11.2013 во Александар Палас свечено беше означена успешната реализација на едногодишниот проект "Спортски бон-тон". Организаторот на настанот јавно изрази благодарност до ТТК Банка за поддршка на проектот, доделувајќи Благодарница за придонес во проектот „Спортски бон-тон".
Во организација на Националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за Економија, оваа година по петти пат се додели Националната Награда за најдобри општествено одговорни практики за 2011 година на македонските претпријатија.
Центарот за институционален развој (ЦИРА) по петти пат ги додели наградите за филантропија и општествена одговорност за 2011 година, на компаниите кои практикувале општествено одговорни практики во одредени категории
На 7-ми мај во Тетово, по седми пат се одржа Саемот на кариера во организација на Центарот за кариера при Универзитот на Југоисточна Европа.
Во рамки на манифестацијата „Различни, а еднакви“, ТТК Банка доби признание за долгогодишна поддршка во социјалното вклучување на лицата со посебни потреби во општеството.
Признание за ТТК Банка за афирмација на КУД "Кочо Рацин"
Во периодот од 7 до 11.12.2011 се одржа традиционалната манифестација “Турнир во мал фудбал на медиумите во Македонија” во организација на Спортско радио.
Започна четвртата „Глобална недела на претприемаштво 2011“ во организација на ПСМ Фондацијата и поддршка на претприемачите во земјата. Во насока на поддршка на оние кои имаат верба и храброст да го остварат својот сон како и долгогодишната успешна соработка на ТТК Банка со ПСМ Фондацијата, за време на свеченото отворање на настанот, ТТК Банка беше одликувана со Благодарница за повеќегодишен придонес во организирањето Глобална недела на претприемаштво.
Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата, кое работи во рамките на Економско-социјалниот совет на Владата, при Министерството за економија на Р. Македонија, денеска свечено одликуваше единаесет македонски компании за спроведување општествено одговорни практики.
На 7-ми декември во Универзалната сала во Скопје се одржа традиционалната манифестација „Различни, а еднакви“ во организација на агенцијата „Детла Ексклузив“. За време на манифестацијата, беа доделени награди на сите оние личности, организации и компании кои со својот придонес овозможиле полесен живот на граѓаните со посебни потреби.
По повод своето членство на ТТК Банка во Словенечко - Македонскиот Бизнис клуб, свечено и беше доделена признаница на Банката за своето активно учество во овој клуб.
По повод 40 години од постоењето на посебното основно училиште „Иднина“ од Скопје, беше организирана свечена манифестација на која беа доделени благодарници на сите поединци, институции и компании кои дале значаен придонес во афирмација на училиштето.
Адинг АД Скопје, Гемак Трејд, Инет, КПМГ Македонија ДОО Скопје, Македонски Телеком АД – Скопје и ТТК Банка АД Скопје на 26-ти мај 2010 во Инфо-центарот на Европска Унија го засноваа Бизнис лидерскиот форум на Македонија.
На 27-ми мај, во М6 Едукативниот центар во Скопје, свечено беа доделени наградите „Лидери на општествена одговорност“ во организација на Центарот за институционален развој. Наградата за лидери на општествена одговорност се доделува на претпријатија кои својата работа ја темелат на принципите на одговорно дејствување и се пример за просперитет на бизнисот и позитивни промени во општеството.
Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата, кое работи во рамките на Економско-социјалниот совет на Владата, при Министерството за економија на Р. Македонија, свечено ги додели националните награди за општествена одговорност на претпријатијата за 2008 година.
На 18.05.2009 год., во Музеј на град Скопје, традиционално се одржа доделувањето "Награди за филантропија 2008" во организација на Центарот за инситуционален развој (ЦИРА).


 

Известување за работно време на филијали и експозитури на 19.1.2021 година (вторник)
Известување за исплата на паричните права од социјална, цивилна и детска заштита од 5-ти јануари 2021 година
Известување за поставен нов банкомат во Трговски центар „Палма мол“ во Тетово
Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје д-р Драгољуб Арсовски за „Фактор.мк“ - ЖЕЛБА ЗА 2021 ГОДИНА: Посакувам подобра година без ограничувања и поголема слобода на функционирање за секого
Известување за проширување на мрежата на банкомати во Гостивар од 28.12.2020 година
Известување за предвремена исплата на пензиите од 28-ми декември 2020 година
Известување за ново работно време на филијалите и експозитурите во сабота, почнувајќи од 26.12.2020 година
ТТК Банка АД Скопје започна со исплата на финансиската поддршка од Владата
Известување за промена на локација на експозитура Кичево
Финансискиот резултат на ТТК Банка АД Скопје на еден месец пред крајот на оваа година достигна 91,5 милиони денари
ТТК Банка АД Скопје ја прошири мрежата на банкомати
Интервју со Претседателот на Управен одбор на ТТК Банка АД Скопје д-р Драгољуб Арсовски за „Денар.мк“ - „Ефикасни и достапни и во услови на здравствена криза“
Јавен повик за учество на XXXV седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување