Кариера во ТТК Банка АД Скопје
ТТК Банка АД Скопје е банка со високо изградено реноме и општествена одговорност, банка што постојано е отворена за прием на нов, образован и амбициозен кадар кој има желба да стане дел од нашиот тим.
Што нудиме ние?
-
Предизвици, флексибилност, интересна и динамична работа
-
Стекнување работно искуство
-
Размена на знаење, дополнителни обуки, остварување резултати
-
Можност за личен и професионален развој
Вработување
Доколку сте заинтересирани за кариера во ТТК Банка, а воедно сте подготвени да одговорите на предизвикот што го нудиме, испратете ни Ваша кратка биографија (CV) и мотивациско писмо, на следната адреса:
ТТК Банка АД Скопје
Оддел за човечки ресурси, организација и плати
ул. „Народен фронт“ бр.19а, 1000 Скопје
или на електронската адреса: kariera@ttk.com.mk
Доколку се отвори нова можност за вработување во ТТК Банка и вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.
Изведување на практична работа на студенти во ТТК Банка АД Скопје
ТТК Банка им нуди можност на младите да стекнат искуство преку изведување практична работа на студенти во ТТК Банка. Доколку сте заинтересирани за практична работа во ТТК Банка, испратете ни Ваша кратка биографија (CV), на следната адреса:
ТТК Банка АД Скопје
Оддел за човечки ресурси, организација и плати
ул. „Народен фронт“ бр.19а, 1000 Скопје
или на електронската адреса: kariera@ttk.com.mk
Напомена: Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на апликацијата за вработување и/или изведување на практична работа на студенти а за идните потреби на Банката, се согласувате Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадар. Банката гарантира дека, освен за наведениот случај, вашите лични податоци нема да бидат користени за ниедна друга цел, ниту, пак, достапни на трети лица. |