македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

Ненаменски потрошувачки кредит со залог на недвижен имот со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години (намален надоместок за одобрување до 30.9.2019 година) 

Ненаменскиот потрошувачки хипотекарен кредит на ТТК Банка нуди нови поволни услови за кредитирање и рефинансирање на вашите обврски по кредитите. Искористете ја можноста за отплата на долг рок и по пониска каматна стапка. Со само една рата и повеќе средства на располагање во месецот, реализирајте ги вашите долгозамислувани планови. Сега е лесно!

Корисници

·  Државјани на Република Македонија, деловноспособни лица над 18 години, кои имаат засновано редовен работен однос на неопределено време и работен однос на определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во јавна администрација и бонитетни претпријатија и институции прифатливи за Банката; пензионери;

·   Физички лица кои примаат/не примаат плата преку ТТК Банка;

·   Физички лица кои својата пензија (од ПИОМ) ја примаат преку ТТК Банка.

Критериуми

·  Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот;

·   Во кредитот може да се вклучат до 2 (двајца) кредитоспособни ко-кредитобаратели за кои важат истите услови како за кредитобарателот;

·   Банката одобрува кредити на физички лица кои се кредитоспособни, на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари од 70 години и кои се:

- во редовен работен однос, со минимален износ на месечни примања од 9.000 денари остварени во Р. Македонија;

- пензионери кои примаат пензија од ПИОМ, со минимален износ на месечни примања од 8.500 денари и кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари од 70 години;

·   Да нема постоење на долг по различни основи во вкупен износ од над 10.000,00 денари (неплатени даноци, долг за испорачани добра и услуги и друго) во согласност со извештај од Македонско Кредитно Биро.

Износ

·   од 3.000 евра до 300.000 евра во денарска противвредност (до 200.000 евра во денарска противвредност во случај кога при анализа на кредитоспособноста се земаат во предвид дополнителни приходи кои можат да се документираат) (1:1,2  до 1:3  во зависност од атрактивноста на објектот).

Валута

·   МКД со девизна клаузула (денарска противвредност на EUR според средниот курс на курсната листа на НБРМ кој важи на денот на исплатата на кредитот);

Начин на отплата

·   Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој први од месецот.

·   Кредитот се става во отплата на први наредниот месец од денот на исплатата.

Рок на отплата

·   од 12 до 240 месеци (до 180 месеци во случај кога при анализа на кредитоспособноста се земаат во предвид дополнителни приходи кои можат да се документираат) со вклучен грејс период до 6 месеци.

Каматна стапка

МКД со девизна клаузула

·          4,90% годишна фиксна каматна стапка во првите три години, 6 месечен ЕУРИБОР + 6,30 процентни поени, не пониска од 6,30% годишна променлива каматна стапка од четвртата година од отплатата до целосната отплата на кредитот за категорија на корисници на Премиум СМАРТ пакетот (1. Физички лица кои се вработени во државни институции и акционерски друштва и ја примаат платата преку ТТК Банка; 2. Физички лица пензионери кои се приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка; 3. Физички лица вработени во приватни фирми (кои постојат минимум 5 години), со месечни примања над 15.000 денари (континуирано во последните 12 месеци), класифицирани во А категорија  (континуирано во последните 12 месеци), што се приматели на плата преку ТТК Банка; 4. Физичко лице  кое се вработено во нотарска, извршителска, адвокатска канцеларија (нотар, извршител, адвокат) и ја прима платата преку ТТК Банка; и категорија на корисници на Премиум ВИП пакетот (физички лица кои ги исполнуваат условите за корисници на ВИП кредитот и кои ја примаат платата преку ТТК Банка) и приматели на плата/пензија во ТТК Банка (I категорија);

·      6 месечен ЕУРИБОР + 7,50 процентни поени не пониска од 7,50% годишна променлива каматна стапка, за категорија на корисници кои не ја примаат платата/пензијата преку ТТК Банка (II категорија).

 

        *За периодот од искористување на кредитот до денот на ставање на кредитот во отплата, Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористување на кредитот.

Казнена каматна стапка

·   7,612% годишна прилагодлива каматна стапка (законска казнена) за достасани, а неподмирени обврски за кредит (МКД со девизна клаузула).

Метод и период на пресметка на камата

·   Пресметката на камата се врши месечно по пропорционална метода.

Провизии

 

·   900 денари надомест за обработка на барање;

·   Надоместок при исплата на кредитот:

   - За износ до 30.000 евра  2,0% од износот, мин. 6.000 денари;

   - За износ над 30.000 евра 1,5% од износот;

*надоместок за одобрување 1,00% мин. 6.000 ден за кредити на износ до 30.000,00 евра; 0,75% за кредити на износ над 30.000,00 евра (со исклучок на кредити одобрени за затворање на недоспеани обврски по кредити во Банката) во промотивен период од 1.7.2019 година до 30.9.2019 година.

·  За администрирање на кредитот 0,2% на остатокот од долгот (годишно, однапред на главниот долг на кредитот);

·   За предвремена делумна отплата 3% од предвреме уплатениот износ;

·   За предвремена целосна отплата 3% од износот на предвреме вратениот главен долг;

·  Надомест за измена на обезбедување за кредити за физички лица, 1% манипулативни трошоци еднократно, на преостанатиот износ од кредитната изложеност за кое се менува обезбедувањето, максимум 6.000 денари.

Трошоци

·   трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот);

·    трошоци за процена на вредноста на недвижниот имот кој се заложува секоја година во согласност со тарифата на овластен проценител или процена од вработен проценител во Банката во согласност со Тарифата за надоместоци (без надоместок за прва процена на недвижен имот во промотивен период до 31.12.2019 година);

·    нотарска награда за солемнизација на договорот за залог во согласност со нотарската тарифа;

·    трошоци за упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во соодветната јавна книга;

·    трошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици во согласност со тарифата на осигурителната компанија.

СВТ

·   Преглед на СВТ

Обезбедување

·   Залог на недвижен имот (стан, куќа, деловен простор) со сооднос помеѓу вредноста на изложеноста и обезбедувањето (1:1,2 до 1:3 во зависност од атрактивноста на објектот);

·   Меница и менична изјава за кредитобарателот и ко-кредитобарателите;

·  Административна забрана и согласност за активирање од кредитобарателот и кокредитобарателите (доколку акционерското друштво/буџетската државна институција/јавното претпријатие ја издава).

Потребни документи

·   Апликација за кредит;

·   Фотокопија од важечка лична;

·   Карта или пасош за кредитобарателот и ко-кредитобарателот;

·   Потврда за редовен работен однос, податоци за плата и обврски од платата;

·   За вработени во приватни фирми образец ПП 53 (Декларација од УЈП) за последните 3 месеци за кредитобарателот и ко-кредитобарателот;

·   За пензионери последен чек од пензија (од ПИОМ);

·   Имотен лист;

·   Доказ дека имотот не е под залог;

·   Процена од овластен проценител на пазарната вредност на имотот кој се заложува за секоја година или процена од вработен проценител во Банката во согласност со Тарифата за надоместоци;

·  Осигурување на имотот и винкулација во корист на ТТК Банка за сите години до конечна отплата на кредитот;

·   Извод од матична книга на родени/венчани;

·   Нотарски акт.

Исплата

·   На трансакциска сметка на корисникот на кредитот.

 

 

Пример

Вид на кредитот

Ненаменски потрошувачки кредит со залог на недвижен имот, 

МКД со девизна клаузула,  за вработени во буџетски институции/акционерски друштва и институции прифатливи за Банката, приматели на плата.

(Премиум СМАРТ Пакет)

Износ

30.000 евра.

Рок на отплата

180 месеци.

Износ на ануитет

235,69 евра во првите три години; 254,02 евра за останатиот период.

Начин на отплата

-Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој први од месецот.

-Кредитот се става во отплата на први наредниот месец од денот на исплатата.

Каматна стапка

4,90% годишна фиксна к.с. во првите три години од отплатата и 6,30% годишна променлива к.с. за останатиот период од отплата.

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

6,37%.

Вкупен износ за плаќање

36.233,51 евра.

Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:

Износ на кредитот

30.000 евра.

Вкупен износ на камата за кредитот

6.048,56 евра.

Надомест за одобрување на кредитот

97,57 евра (1,00% мин. 6.000 денари, во висина до 30.000 евра, намален надоместок во промотивен период до 30.9.2019 година).

Надомест за администрирање на кредитот

542,61 евра за целиот период на отплата (0,2% на остатокот од долгот годишно, однапред на главниот долг на кредитот).

Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:

Надомест за обработка на барање

900,00 денари *Овој трошок не влегува во СВТ.

Трошок за процена на вредноста на недвижниот имот

Не е познат *Овој трошок не влегува во СВТ.

Нотарска награда за солемнизација на договорот за залог

Не е познат  *Овој трошок не влегува во СВТ.

Трошок за упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во соодветната јавна книга

Не е познат  *Овој трошок не влегува во СВТ.

Трошок за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици

Не е познат  *Овој трошок не влегува во СВТ.

Датум на пример

1.7.2019

 

 

Лице за контакт:

Бојан Штерјовски

Раководител на Оддел за работа со население

Дирекција за деловна мрежа

Тел.: 02/ 32 47 000 лок. 480

e-пошта: bojan.sterjovski@ttk.com.mk

 

* Последна промена направена на интернет-страницата 1.7.2019 година.


 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - Раководител на експозитура во Скопје
ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на кредитните производи за физички лица
Јавен повик за учество на XXXI седница на Собранието на ТТК Банка АД Скопје
СУПЕР Станбен кредит со фиксна каматна стапка во првите пет години со намален надоместок за одобрување до 30.9.2019 година!
СЕГА Е ЛЕСНО, со хипотекарниот кредит на ТТК Банка АД Скопје со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години достапен со намален надоместок за одобрување до 30.9.2019 година!

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување