македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

Нова експозитура на ТТК Банка АД Скопје во општина Чаир, Скопје

 

На 6 март 2019 година ТТК Банка АД Скопје свечено ја отвори новата експозитура во општина Чаир, Скопје.

 

Во согласност со својата стратегија за поголема достапност, а во насока на обезбедување навремена и квалитетна услуга од 6.3.2019 година започнува да работи нова експозитура на ТТК Банка АД Скопје во општина Чаир.

 

Новата експозитура на ТТК Банка АД Скопје, во голем и современ простор, кој се наоѓа на ул. „Кемал Сејфула“ бб, ќе работи со работно време од понеделник до петок од 8:00 до 16:00 часот.

 

На овој начин Банката ќе ги приближи своите производи и услуги до сегашните и идни корисници, физички и правни лица кои до сега ги имаа на располагање најблиските експозитури. Корисниците ќе бидат опслужени од страна на високостручен тим кој ќе овозможи ефикасна и брза поддршка при изборот и користењето на финансиските производи што ги нуди банката и коишто се најсоодветни за корисниците. Во рамките на експозитурата се наоѓа и банкомат на Банката.

 

Пред присутните се обрати претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, д-р Драгољуб Арсовски, кој истакна: „Главна цел на ТТК Банка АД Скопје е да биде прв и сигурен избор на граѓаните и компаниите. Настојуваме да го постигнеме ова не само со нашето искуство, традиција и професионалност, туку и со постојано подобрување на работењето и зголемување на достапноста на производите и услугите што ги нудиме. Оваа цел сакаме да ја постигнеме и со тоа што им овозможуваме на нашите клиенти подобри и поквалитетни услуги што ќе ја олеснат секојдневната потреба во финансиското работење“.

 

По повод отворањето на новата експозитура, ТТК Банка АД Скопје подготви изненадувања за првите корисници кои ќе отворат сметка или ќе аплицираат за кредит.

 

Актуелно корисниците имаат можност да аплицираат за кредитните производи по промотивни услови: Visa кредитната картичка со 0% камата и без членарина во првата година, атрактивните потрошувачки кредити со ниска фиксна каматна стапка почнувајќи од 5,5% годишно, хипотекарните кредити со фиксна каматна стапка за првите три години од 4,9% годишно, супер станбениот кредит со фиксна каматна стапка во првите три години од 2,85% годишно, со намалени трошоци за одобрување и други поволности.

Со отворањето на новата експозитура во Чаир, Скопје ТТК Банка АД Скопје ја прошири својата деловна мрежа на вкупно 7 филијали, 20 експозитури и 2 шалтери ширум републиката.

 

*објавено на 7.3.2019 година.


 

Нова експозитура на ТТК Банка АД Скопје во општина Чаир, Скопје
Јавен повик за учество на XXIX седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Известување за исплата на пензии од 1 март 2019 година
ТТК Банка АД Скопје изврши промена на тарифата за услугите во платниот промет
TТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на денарските и девизните депозити на физички лица
Известување за надградба на системот за електронско банкарство
ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на кредитните производи за физички лица
Намалени провизии за девизни плаќања за физички и правни лица
СУПЕР станбениот кредит на ТТК Банка АД Скопје достапен со намален надоместок за одобрување во промотивен период до 30.6.2019 година!
СЕГА Е ЛЕСНО, со хипотекарниот кредит на ТТК Банка АД Скопје со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години достапен со намален надоместок за одобрување до 30.6.2019 година!

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување