Известување за ново работно време на филијалите и експозитурите во сабота, почнувајќи од 26.12.2020 година
Почитувани корисници,
Ве известуваме дека, од 26.12.2020 година, филијалите и експозитурите на ТТК Банка АД Скопје ќе бидат на Ваше располагање за реализација на банкарските услуги и во сабота, со ново работно време.
Во сабота, со работно време од 9:00 до 13:00 часот, започнуваат да работат филијала Скопје, експозитура Скопје Аеродром, филијала Куманово, филијалата Штип, филијала Тетово, филијала Битола, експозитура Прилеп, филијала Охрид, експозитура Дебар, филијала Струмица како и експозитура Радовиш.
За работното време на филијалите и експозитурите на ТТК Банка АД Скопје можете да се информирате на следниот линк.
Во услови на сѐ уште актуелната здравствена криза, а заради заштита на Вашето здравје и здравјето на другите, Ве потсетуваме дека, во секое време, на Ваше располагање се услугите достапни преку апликацијата за мобилното банкарство TTK M-bank и електронското банкарство TTK E-bank: проверка на состојбата на сметката/кредити/картички/депозити, плаќања, oрочување средства, аплицирање за кредит, можност за активирање известувања за секоја направена трансакција, управување со лимит за картички и сл.
Во случај на потреба за уплата/исплата на готовина, Ви препорачуваме да ја користете широката мрежа на банкомати на Банката.
Потсетуваме дека, при неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје
* објавено на 25.12.2020 година
|