Корисници |
· Државјани на Република Македонија, деловноспособни лица над 18 години, кои имаат засновано редовен работен однос на неопределено време и работен однос на определено време во јавна администрација и бонитетни претпријатија и институции прифатливи за Банката, кои примаат плата преку ТТК Банка |
Критериуми |
-
Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот
-
Кредитобарателот треба да има редовни месечни приливи по основ на плата во последните 12 месеци
-
Банката одобрува кредити на физички лица кои се кредитоспособни со минимален износ на месечни примања од 12.000 денари остварени во Р. Македонија и кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари од 67 години
-
Кредитобарателот да нема активна кредитна партија за овој вид кредитен производ
-
Во кредитот не може да се вклучат ко-кредитобаратели
-
Кредитобарателот да биде класифициран во А или Б категорија на ризик по основ на сите изложености во последните 24 месеци
-
Да нема постоење на долг по различни основи во вкупен износ од над 10.000,00 денари (неплатени даноци, долг за испорачани добра и услуги и друго) во согласност со извештај од Македонско Кредитно Биро |
Износ |
· Од 15.000 денари до 60.000 денари |
Валута |
· МКД |
Начин на отплата |
· Еднакви месечни ануитети кои достасуваат на секој први од месецот
· Кредитот се става во отплата на први наредниот месец од денот на исплатата |
Рок на отплата |
· Од 6 до 12 месеци |
Каматна стапка |
· 6,5% годишна фиксна каматна стапка |
Казнена каматна стапка |
· 9,5% годишна прилагодлива каматна стапка (законска казнена) за достасани, а неподмирени обврски |
Метод и период на пресметка на камата |
· Пресметката на камата се врши месечно по пропорционална метода |
Провизии
|
· При исплата на кредитот 600 денари
· Без провизија за обработка на барање за кредит за физички лица
· Без провизија за администрирање на кредитот
· Без провизија за предвремена делумна отплата
· Без провизија за предвремена целосна отплата |
Обезбедување |
· Без жиранти
· Без меница |
Потребни документи |
· Електронска апликација за кредит внесена преку електронско банкарство
· Преддоговорни информации за кредит
· Потврда за месечни примања во случај просечната месечна плата во последните 12 месеци внесена во апликацијата да се разликува од истата која е системски пресметана |
Документи за наплата |
· Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на корисникот, примател на плата/пензија преку ТТК Банка |
Исплата |
· На трансакциска сметка на корисникот на кредитот |