Продолжуваат хуманите активности на ТТК Банка
Грижата и хуманата активност кон сите на кои им е потребна помош е определба на ТТК Банка, која работи во тоа опкружување и се чувствува како дел од целата заедница.
По повод новогодишните празници, ТТК Банка реши да ги израдува и да им подари надеж на децата во домот за доенчиња во Битола со донација на медицински лекови, неопходни за секојдневно лекување, а со тоа и поддршка за правилен раст и развој, поголеми насмевки и посреќно детство.
ТТК Банка, како докажан лидер во општествената одговорност и филантропијата, ќе продолжи и во иднина да предложува нови, но и да поддржува проекти и активности кои се од голема важност за правилен развој и овозможување еднакви можности на сите граѓани во ова општество. |