ТТК Банка повторно со поддршка за "Спортски бонтон"
Водејќи се од пријатното искуство и одличниот прием од најмладите, ТТК Банка во улога на општествено одговорна компанија реши и оваа година да го поддржи проектот за „Социјална и етничка интеграција преку спортот", популарно наречен „Спортски бонтон". Проектот има за цел социјална и етничка интеграција на младите преку спортот во Република Македонија.
„Спортски бонтон" го промовира спортот како општествена активност преку која со игра, забава и со дружење на децата и младите од различна етничка припадност се зацрврстуваат меѓуетничките односи во Република Македонија и ќе придонесе во афирмирање на вистинските морални норми во спортот. Проектот, кој ќе се реализира во повеќе општини во Република Македонија, е под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.
Првиот настан од овој проект се одржа на 04.09.2014 година во Општина Велес, каде што ТТК Банка имаше особена чест да се дружи со најмладите од овој регион и не ја пропушти можноста да им подели скромни подароци.
*5.9.2014 |