 |
 |
|
ЧЛЕН НА

|
|
|
|
 |
|
|
Искористете ја промотивната понуда на ПРОМО ФИКС 15 депозити за физички лица со атрактивна ФИКСНА каматна стапка за штедење во денари и евра на 15 месеци, во промотивен период до 31.3.2020 година. |
ТТК Банка АД Скопје овозможи дополнителни услуги на банкоматите преку воведување на новaта функционалност „CashIn“. Отсега корисниците ќе можат да извршат уплата на готовина на својата трансакциска сметка во Банката, а правните лица ќе имаат можност да го уплатат дневниот пазар. За користење на услугата потребно е корисниците да се идентификуваат со VISA платежните картички. |
ТТК Банка АД Скопје нуди можност за електронско орочување на депозити преку платформите за мобилно и електронско банкарство. Користејќи ја оваа услуга корисниците имаат можност брзо, едноставно, без трошоци, да орочат парични депозити. |
„Кусур штедење“ претставува интересен модел за континуирано штедење во „движење“ со издвојување определен износ од секое купување со Visa дебитнaта картичкa на ТТК Банка АД Скопје. |
Традиционално и оваа година на 31-ви октомври по повод Светскиот ден на штедењето, Македонската банкарска асоцијација додели признанија на најдобрите банкарски службеници за изминатата година. |
На 19 октомври 2019 година се одржа штафетната трка во трчање 4 х 2000 метри на компаниски тимови - Business Run 2019. |
Со важност од 1.10.2019 година, ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на денарските депозити на физичките лица и денарските и девизните депозити во евра на правните лица. |
ТТК Банка АД Скопје на ден 18.9.2019 година, ја регистрираше во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје првата емисија на долгорочни должнички хартии од вредност - корпоративна обврзница – 1.500 корпоративни обврзници по номинална вредност од 1.000 евра и вкупна номинална вредност од 1.500.000 евра, односно 92.236.500,00 денари. |
ТТК Банка АД Скопје успешно ја реализираше првата емисија на долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративни обврзници по пат на јавна понуда. |
Издавачот ТТК Банка АД Скопје известува дека на ден 12.9.2019 година заврши првата емисија на долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративна обврзница по пат на јавна понуда. |
Во прилог следи потребната документација во врска со јавната понуда за продажба на долгорочни должнички хартии од вредност (корпоративна обврзница) прва емисија на ТТК Банка АД Скопје: |
ТТК Банка АД Скопје известува дека на ден 22.8.2019 година Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија ѝ даде одобрение за издавање долгорочни должнички хартии од вредност (корпоративна обврзница) по пат на јавна понуда. |
Со важност од 1.7.2019 година каматните стапки на дел од потрошувачките кредити, кредитните картички Visa Classic како и на дозволеното пречекорување на трансакциска сметка за физички лица се намалуваат до 0,25 процентни поени, а во согласност со промената на висината на референтните каматни стапки и на максималната законска каматна стапка. |
НАЈНОВА промотивна понуда на ПРОМО ФИКС 15 депозити за физички лица со атрактивна ФИКСНА каматна стапка за штедење во денари и евра на 15 месеци, во промотивен период до 30.9.2019 година. |
Искористете ја промотивната понуда на VISA и dm маркетите, при купување со VISA картичките на ТТК Банка АД Скопје! Со сметка во износ од 1500 денари или повеќе, добивате вредносен ваучер од 500 денари. Ваучерот можете да го реализирате во период по сопствена желба. |
ТТК Банка АД Скопје учествуваше на настанот „Денови на финансиска писменост“ што се одржа на 28-ми мај во организација на Министерството за финансии, НБРСМ како и другите регулаторни финансиски институции. И оваа година, ТТК Банка АД Скопје зеде активно учество и даде свој придонес во реализацијата на основната цел на овој настан - подобрување на финансиската писменост кај населението. |
Оваа година Спортските банкарски игри во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија (СФОМ) се одржаа во периодот од 31-ви мај до 2-ри јуни 2019 година во Охрид. Во учество на вкупно 13 финансиски институции, екипата на ТТК Банка АД Скопје постигна одлични резултати. |
TTK Банка АД Скопје како општествено одговорна компанија се вклучува во реализацијата на третото издание на "Деновите на финансиската писменост’’, кои ќе се одржат од 29 до 31 мај, во организација на Народната банка и другите регулаторни финансиски институции. |
На 10 мај 2019 година се одржа настанот „Отворен ден на УАКС“, во организација на Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје. На настанот идните студенти имаа можност да се информираат наставната програма, поволностите и стипендиите што ги нуди Универзитетот. |
ТТК Банка АД Скопје понуди нов промотивен депозит ПРОМО ФИКС 15 со атрактивни фиксни каматни стапки за штедење во денари и во евра на 15 месеци во промотивен период од 10 мај до 30 јуни 2019 година. |
НАЈНОВА промотивна понуда на ПРОМО ФИКС 15 депозити за физички лица со атрактивна ФИКСНА каматна стапка за штедење во денари и евра на 15 месеци, во промотивен период до 30.6.2019 година. |
На 4 мај 2019 година се одржа традиционалниот спортски настан Wizz Air Скопски маратон, во организација на Сојузот на спортови Скопје. Учесниците имаа можност да се натпреваруваат во четири трки – маратон од 42 километри, штафетен маратон од 42 километри, полумаратон од 21 километар и трка на 5 километри. Оваа година активно учество зедоа околу 12.500 учесници од 58 земји. |
Традиционално, и оваа година во периодот од 23 до 25 април 2019 година се одржа настанот „Денови на кариера“ во организација на Универзитетот на Југоисточна Европа и Универзитетот во Тетово.  |
Со желба да понуди дополнителна вредност и да го олесни решавањето на станбеното прашање, ТТК Банка АД Скопје овозможи уште поповолни и конкурентни услови за станбени кредити. |
ТТК Банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 2.5.2019 година ќе врши исплата на дивидендата за 2018 година. |
На 6 март 2019 година ТТК Банка АД Скопје свечено ја отвори новата експозитура во општина Чаир, Скопје. |
Со важност од 11.2.2019 година, ТТК Банка АД Скопје изврши измени на Тарифата за надоместоци на услугите во областа на денарскиот и девизниот платен промет за физички и правни лица. |
Со важност од 11.2.2019 година, ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на денарските и девизните депозити на физички лица што се должи на намалувањето на каматните стапки на благајничките и државните записи. |
Од 1.1.2019 година ТТК Банка АД Скопје ги намали провизиите за девизни плаќања за физички и правни лица. Понудата овозможува брза и сигурна реализација на плаќањата во странство или на девизните приливи со најниски провизии и намалување на трошоците во девизниот платен промет.  |
|
 |
 |
|
 |
|
 |