Кодекс на добро однесување на банките и штедилниците
На 15 Март 2013год. по повод Светскиот ден на потрошувачот, Здружението на банкарство при Стопанската комора и Министерството за Економија потпишаа Кодекс за добро однесување на банките и штедилниците.
Кодексот претставува доброволна рамка за регулирање на работењето на банките и штедилниците со клиентите (правни и физички лица), во кој се утврдени минимумот стандарди и вредности за добро работење, фер пазарно натпреварување и има за цел да ги поттикне банките и штедилниците да постигнат што повисоки стандарди за доброто на своите клиенти .
Кодекс на добро однесување на банките и штедилниците
|