ТТК Банка АД Скопје во поддршка на 37-то традиционално искачување на „Титов Врв“ 2018 година
Над 800 учесници од земјава, Балканот (Албанија, Бугарија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија) и пошироко учествуваа на 37-то искачување на највисокиот врв на Шар Планина – Титов Врв висок 2.747 метри, организирано од планинарскиот клуб Љуботен од Тетово.
Искачувањето се одвиваше по маркираната Вакуфска патека, 14 километри во еден правец и висинска разлика од 1.047 метри.
Опстојувањето и одржувањето на овој настан е од големо значење за развојот и одржувањето здрава и просперитетна заедница, одржување на врската со природата, јакнење на солидарноста, духот и личната слобода и мир.
Токму таква е определбата на ТТК Банка, да биде институција со високоизградена општествена одговорност, којашто влијае на свеста за јакнење на спортскиот дух и на свесноста за здравиот начин на живот.
Пренесуваме дел од убавините на Шара, попатно и искачувањето на Титов Врв.

__________________________________
37-мо традиционално искачување на „Титов врв“
Планинарски Клуб „Љуботен“ – Тетово по триесет и седми пат го организира традиционалното искачување на Титов Врв кое само по себе низ годините стана препознатлив планинарски бренд во Република Македонија.
ТТК Банка и Планинарскиот Клуб „Љуботен“ ги покануваат за учество сите заинтересирани љубители на планината, природата и здравиот начин на живот.
Програмата за 37-то традиционално искачување на Титов врв 2018 година можете да ја најдете на ФБ страната на П.К Љуботен - https://www.facebook.com/events/210640269711316/

*објавено на 23.5.2018 година.
|