ТТК Банка АД Скопје во поддршка на проектот „10 езера“
Малкумина знаат дека на убавата Шара има 27 езера и 100 поголеми извори како и дека оваа планина е извориште на 25 поголеми планински реки. Богата е со 44 видови дивеч, повеќе од 200 видови птици и 147 видови пеперутки коишто ја карактеризираат Шара како едно од најбогатите подрачја во Европа.
Со голем мотив Планинарскиот клуб „Тетекс“ од Тетово го започнува проектот за промоција на шарпланинските езера под називот „10 езера“. Проектот опфаќа посета на 10 езера, односно најголемото Боговињско Езеро, Црното Езеро, Малото и Големото Караниколичко Езеро, Белото Езеро, Горно и Долно Доброшко Езеро, Ливадичко Езеро, Долно и Горно Врачанско Езеро.
Преку поддршка на проектот ТТК Банка АД Скопје и овој пат дејствува во насока на продолжување на својата определба за активно поддржување на проектите коишто придонесуваат за промоција и едукација за уникатните и специфични убавини што ги поседува Македонија и практикување здрави животни навики.

*објавено на 17.7.2018 година.