македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Известувања

Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје Надзорниот одбор на

 

ТТК БАНКА АД СКОПЈЕ

ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА 

ЈАВЕН  ПОВИК 

ЗА УЧЕСТВО НА XXXIII СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИ   

 

            Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје бр. 02-1744/2 од 27.2.2020 година, XXXIII седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се одржи на 31.3.2020 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул. „Народен фронт“ бр.19 А во Скопје, со следниот предлог

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

I.   ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ 

1.     Отворање на Собранието;

2.     Избор на претседавач на Собранието.

II.   РАБОТЕН ДЕЛ

1. Разгледување Годишен извештај за работењето на ТТК Банка АД Скопје во 2019 година и Мислење по истиот од Надзорниот одбор, со Предлог - oдлука за усвојување на Извештајот и Мислењето;

2. Разгледување Финансиски извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2019 година ревидирани од Друштвото за ревизија „Мур Стивенс“ ДОО Скопје и Мислењето за Извештаите од Надзорниот одбор, со Предлог - одлука за усвојување на Извештаите и Мислењето;

3. Разгледување Годишна сметка на ТТК Банка АД Скопје за 2019 година, со Предлог - одлука за усвојување;

4. Разгледување Предлог - одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка на ТТК Банка АД Скопје за 2019 година;

5. Разгледување Предлог - одлука за определување на износот на дивидендата и датумите на исплата на дивиденда за 2019 година (дивиденден календар);

6. Разгледување Извештај и оцена на работата на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје во 2019 година, со Предлог - одлука за усвојување;

7. Разгледување Предлог - одлука за измени и дополнувања на Статутот на ТТК Банка АД Скопје;

8. Информација за резултатите од извршената оцена на соодветноста на кандидатот за член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.

Се повикуваат акционерите на ТТК Банка АД Скопје да учествуваат во работата на Собранието.

 

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието, со доставување пријава за учество до Секретаријатот на Банката (или на телефакс: 02/3131-387; е-пошта: sekretarijat@ttk.com.mk).

 

Собранието ќе одлучува само за прашања коишто се уредно ставени на Дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

 

Гласањето по точките од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

 

Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со писмено полномошно, за што е должен веднаш да ја извести Банката по писмен пат или електронски.

 

Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk. 

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точките од Дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 7.3.2020 година, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

 

Материјалите за Собранието и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул. „Народен фронт“ бр.19 А во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

 

                                         Претседател на Надзорен одбор

                                                 на ТТК Банка АД Скопје

                                               м-р Глигорие Гоговски с.р.

                

 

Информации за гласање преку коресподенција.

 

Одлуки од Собранието

  • ОДЛУКА за усвојување на Годишниот извештај за работењето на ТТК Банка АД Скопје во 2019 година и Мислењето од Надзорниот одбор
  • Годишен извештај за работењето на Банката во 2019 година
  • ОДЛУКА за усвојување на Финансиските извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2019 година ревидирани од Друштвото за ревизија "Мур Стивенс" ДОО Скопје и Мислењето од Надзорниот одбор
  • ОДЛУКА за усвојување на Годишната сметка на ТТК Банка АД Скопје за 2019 година
  • ОДЛУКА за употреба и распоредување на нераспределената добивка на ТТК Банка АД Скопје за 2019 година
  • ОДЛУКА за определување на износот на дивидендата и датуму на исплата на дивиденда за 2019 година (дивиденден календар)
  • ОДЛУКА за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје во 2019 година
  • ОДЛУКА за измени и дополнувања на Статутот на ТТК Банка АД Скопје
  •  

  • Резултати од гласањето
  • Записник од собранието
  • * Објавено на 28.2.2020 година. Последна промена извршена на 23.04.2020 година.


     

    ТТК Банка АД Скопје со поддршка на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“
    ТТК Банка донираше компјутери за ученици од социјално ранливи семејства
    ТТК Банка АД Скопје со нови промотивни депозити за штедачите - ПРОМО ФИКС во денари и во евра
    Известување за исплата на паричните права од социјална заштита од 4-ти август
    Известување за предвремена исплата на јулски пензии од 28-ми јули 2020 година
    Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите од 1.6.2020 година
    Јавен повик за учество на XXXIV седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
    Известување за промена на договорните услови за кредитните производи на правни лица
    Известување за понудата за одложување на плаќањето на кредитните обврски на клиентите - физички лица
    ТТК Банка АД Скопје однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 10,5 милиони денари

     

     

    Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување