македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Ненаменски потрошувачки кредити со ризико животно осигурување за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Референтни каматни стапки

 

Соопштенија за јавност 2020

Голем интерес за првата корпоративна обврзница со гарантиран принос на ТТК Банка АД Скопје

 

 

Голем е интересот на инвеститорите кои избираат да ги вложат своите средства во атрактивната обврзница од првата емисија на ТТК Банка АД Скопје на секундарниот пазар на Македонската берза.

На 18.8.2020 година истргувани се 100 обврзници од првата емисија корпоративни обврзници.

 

Обврзниците од првата емисија се со номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од пет години и три месеци, а каматната стапка е фиксна и изнесува 3,5% годишно. Приходите од вложувањето во обврзница се стабилни и предвидливи, што ги прави популарни за инвеститорите кои сакаат да остварат сигурни приходи.

 

Во изминатиот период ТТК Банка АД Скопје реализираше две успешни емисии на долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративни обврзници. Во овој момент тие се единствените финансиски инструменти со гарантиран принос со коишто се тргува на секундарниот пазар.

 

Во првите шест месеци од 2020 година, во услови на вонредна состојба во државата поради коронавирусот, ТТК Банка АД Скопје оствари значајни финансиски резултати, а и понатаму продолжува со активна поддршка на физичките и правни лица при остварување на нивните финансиски цели и потреби.

 

Потврда за успехот и резултатите на ТТК Банка АД Скопје е и континуираниот интерес за тргувањето со обичните акции на Македонската берза.

 

Фокусот кон иновирање на понудата на производи и услуги во пресрет на потребите на клиентите, унапредување на внатрешната организација и ефикасноста како и развивање на политиките за управување со ризиците и понатаму е основа за успешното работење на ТТК Банка АД Скопје.

 

 

* објавено на 19.8.2020 година

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување