македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Кредити

СМАРТ ненаменски потрошувачки кредит со ризико животно осигурување со 4,85% годишна фиксна каматна стапка во првите две години, без надоместок за одобрување, администрирање и предвремена отплата

Животот е најдрагоценото нешто што го поседуваме и е полн со предизвици. Затоа е многу важно да ја планираме иднината, да бидеме сигурни и подготвени за сите изненадувања што ни ги носи утрешниот ден!

 

 

ТТК Банка АД Скопје, во соработка со „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје, овозможува корисникот на кредитот дополнително самостојно да го обезбеди својот кредит, а притоа да добие поповолни кредитни услови. Истовремено, со изборот на полисата за ризико животно осигурување како дополнително обезбедување на кредитот се обезбедува финансиска сигурност за корисникот на кредитот и за неговите најблиски така што во случај на несакан настан (смрт) на осигуреното лице осигурителното друштво го подмирува преостанатиот кредитен долг.

 

СМАРТ ненаменскиот потрошувачки кредит е наменет за сите кои мислат на својата иднина и на иднината на своето семејство и овозможува: поголема финансиска сигурност и безгрижност, поволна премија за осигурување, најповолни кредитни услови, едноставно и брзо договарање во деловната мрежа на ТТК Банка АД Скопје.

 

  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за одобрување во промотивен период до 30.9.2020 година
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за администрирање
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за предвремена отплата
  • НАЈНИСКА ФИКСНА каматна стапка од 4,85% годишно за првите две години
  • БЕЗ ЖИРАНТИ до 1.200.000 денари
  • МЕСЕЧЕН АНУИТЕТ - 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот 

Корисници

  • Вработени во редовен работен однос на неопределено или определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во државни институции, финансиски институции, акционерски друштва, приватни фирми прифатливи за Банката, кои се приматели на плата преку ТТК Банка
  • Пензионери кои се приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка
  • Пристапната возраст за полиса за ризико животно осигурување е од 18 до 65 години

Критериуми

  • Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот
  • Во кредитот НЕ МОЖЕ да се вклучат ко-кредитобаратели
  • За жирантите важат истите услови како за кредитобарателот

Износ

(со вклучен износ на премија за ризико животно осигурување)

  • Од 60.000 денари до 1.200.000 денари

Валута

  • МКД

Рок на отплата

  • Од 24 до 95 месеци

Каматна стапка

  • 4,85% годишна фиксна каматна стапка во првите две години 
  • 7,03% годишна  променлива каматна стапка  (НРС + 5,50 процентни поени) од третата година од отплатата до целосната отплата на кредитот

Трошоци

 

  • 500 денари за обработка на барање за кредит
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за одобрување во промотивен период до 30.9.2020 година
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за администрирање
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за предвремена отплата
  • Трошок за меница/нотарски акт (доколку е потребно)
  • Премија за полиса за ризико животно осигурување

Обезбедување

  • БЕЗ ЖИРАНТИ за кредити до 1.200.000 денари

Останато:

  • Меница со менична изјава (во форма на нотарски акт за кредит во износ над 600.000 денари)
  • За кредити на износ од 900.001 до 1.200.000 денари доказ за сопственост на имот - имотен лист не постар од 3 (три)  месеци, во спротивно 1 (еден) жирант
  • Административна забрана на плата
  • Траен налог
  • Полиса за ризико животно осигурување
  • По извршена кредитна анализа Банката може да побара дополнително обезбедување, жирант/и

Полиса за ризико животно осигурување

  • ТТК Банка АД Скопје е лиценциран застапник за продавање полиси за животно осигурување од „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје
  • Полисата за ризико животно осигурување претставува осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит. Полисата овозможува осигурително покритие за подмирување на преостанатиот кредитен долг во случај на несакан настан: смрт како последица од болест или несреќен случаj во согласност со Општите услови за Осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит на „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје
  • Полисата ја издава осигурителната компанија „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје и истата е винкулирана во корист на ТТК Банка
  • Рокот на важност на полисата треба да го покрива најмалку целиот период на отплата на кредитот
  • Премијата за полисата за ризико животното осигурување e вклученa во одобрениот износ на кредитот и се плаќа еднократно
  • Висината на премијата за полиса за ризико животното осигурување се утврдува во зависност од висината на одобрениот кредит, возраста и полот на корисникот на кредитот, здравствен прашалник, а во согласност со тарифата на осигурителното друштво.

СВТ

Потребни документи

  • Апликација за кредит
  • Фотокопија од важечка лична карта или пасош за кредитобарателот и жирантите
  • Потврда за редовен работен однос, податоци за плата и обврски од платата за кредитобарателот и жирантите (доколку институцијата каде што работат не издава административни забрани)
  • За лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 (три) месеци
  • За пензионери последен чек од пензија (од ПИОМ)

Документи за наплата

  • Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на корисникот за приматели на плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка

Исплата

  • На трансакциска сметка на корисникот на кредитот

 

Пример

Вид на кредитот

СМАРТ ненаменски потрошувачки кредит со ризико животно осигурување

Износ

150.000 денари

Рок на отплата

60 месеци

Износ на ануитет

2.821 денари во првите две години; 2.913 денари за останатиот период

Начин на отплата

Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој први од месецот

Каматна стапка

4,85% годишна фиксна к.с. во првите две години; 7,03% годишна променлива к.с. за остатокот од периодот на отплата

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

5,96% (трошокот за полисата за ризико животно осигурување не е пресметан во СВТ)

Вкупен износ за плаќање

173.289 денари

Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:

Износ на кредитот

150.000 денари

Вкупен износ на камата за кредитот

22.589 денари (во овој износ не е вклучен износот на интеркаларна камата)

Надоместок за одобрување на кредитот

 0 денари (без надоместок за одобрување во промотивен период до 30.9.2020 година)

Надоместок за администрирање на кредитот

 0 денари (без надоместок за администрирање на кредитот)

Надоместок за обработка на барање

500 денари

Трошок за меница

200 денари

Датум на пример

1.7.2020 година

 

Лице за контакт:

Бојан Штерјовски

Раководител на Оддел за работа со население

Дирекција за деловна мрежа

Тел.: 02/ 32 47 000 лок. 480

e-пошта: bojan.sterjovski@ttk.com.mk

 

 

* Последна промена направена на интернет-страницата 1.7.2020 година.


 

Известување за шалтер Тетово Палма мол
Известување за исплата на годишна камата за имателите на корпоративна обврзница од првата емисија по каматна стапка од 3,5% на годишно ниво
Можност за купување македонски акции без трошоци преку ТТК Банка АД Скопје на „Инвеститорски ден“ на 18 септември
Интервју со Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка д-р Драгољуб Арсовски за “Фактор”: Кризата се ширеше побрзо и од вирусот, ТТК Банка одговори силно на предизвиците
ТТК Банка АД Скопје со понуда за ново одложување на отплатата на кредитните обврски за физички лица
Јавна понуда број 02-5740/2 од 4.9.2020 година за промена на договорните услови за кредитните производи на физички лица
Позитивен финансиски резултат на ТТК Банка АД Скопје за периодот од 1.1.2020 до 31.7.2020 година
Без трошоци за одобрување и администрирање за кредитите со РИЗИКО кредитно животно осигурување до 30.9.2020 година
Известување за исплата на паричните права од социјална заштита од 2-ри септември
Известување за предвремена исплата на пензиите од 26-ти август 2020 година
Голем интерес за првата корпоративна обврзница со гарантиран принос на ТТК Банка АД Скопје
ТТК Банка АД Скопје со понуда за примателите на плата и пензија во Еуростандард Банка АД Скопје
ТТК Банка АД Скопје со нови промотивни депозити за штедачите - ПРОМО ФИКС во денари и во евра
Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите од 1.6.2020 година

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување