ТТК Банка АД Скопје го одбележа Светскиот ден на штедењето
ТТК Банка АД Скопје и оваа година традиционално го одбележа Светскиот ден на штедењето во духот на друштвено-едукативните активности со најмладите.
Со желба да придонесе во едукацијата за создавањето навики коишто водат кон здрава и сигурна иднина, Банката организираше дружење со деца од неколку градинки и училишта во филијалите и експозитурите на Банката ширум земјата. Се одговорија многу прашања за штедењето, се разменија многу насмевки и мудри детски мисли. Се нацртаа бројни цртежи од вредните детски рачиња.
ТТК Банка АД Скопје континуирано работи на промоција на штедењето како добра животна навика и важен дел од планирањето на материјалната сигурност и иднина, како и градењето на здравите животни навики.

*објавено на 2.11.2018 година.
|