Известување за четвртото издание на едукативниот настан „Денови на финансиска писменост“
Почитувани,
Oд 24-ти до 26-ти ноември ќе се одржи четвртото издание на „Деновите на финансиската писменост“, во организација на НБРСМ, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување – МАПАС и Агенција за супервизија на осигурувањето.
Оваа година, заради условите што ги наметнува пандемијата на ковид 19, „Деновите на финансиската писменост“ ќе бидат организирани главно како едукативни предавања преку видеоконференциска врска, што ќе овозможи и вклученост на поголем број заинтересирани граѓани.

Во согласност со Јавниот повик, презентациите ќе се одржуваат преку Интернет со почеток во 14:00 часот. Ќе бидат наменети за слушатели со основно и со понапредно ниво на знаења, односно ќе ги опфатат како основните, така и подеталните аспекти од наведените области. По секоја презентација е предвидена можност за прашања од граѓаните и дискусија со стручните лица од Народната банка.
Заинтересираните корисници, во зависност од искажаниот интерес, најдоцна од 22.11.2020 година, потребно е да го најават своето присуство преку порака на е-адресата edukacija@nbrm.mk или официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“.
Ве повикуваме да ги следите информациите за планираните активности и активно да се вклучите во годинешното издание на „Деновите на финансиската писменост“.
Целта на оваа акција е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје
* објавено на 16.11.2020 година |