Настанот „Денови на финансиска едукација“ се одржа на 11.5.2017 година во Градскиот парк во Скопје. во организација на Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација составено од Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност и Агенција за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување.
Настанот беше организиран со иницијатива финансиската едукација да стане дел од формалниот образовен процес. На настанот учествуваа банки, штедилници, инвестициски фондови, осигурителни и пензиски фондови, како и брокерски друштва.
ТТК Банка учествуваше со свој штанд, промотивен материјал, совети и подароци, со цел да даде свој придонес за зголемување на финансиската писменост на граѓаните, посебно на младите од основните и средните училишта, како и од универзитетите, како важна и дологорочна инвестиција која има за цел носење поздрави финансиски одлуки за поквалитетно живеење.