македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

Бизнис картички

VISA Business Revolving

 

 

Предности на VISA Business · Едноставно плаќање на службените трошоци, секаде во светот, без провизија · Подобрување на готовинскиот тек (cash flow) на вашата компанија · Можност за издавање голем број картички во рамките на вашата компанија; · Минимум месечно подмирување на искористениот кредит од само 5%; · Кредитен лимит до 600.000 денари; · Дневен лимит до 250.000 денари; · Рок на издавање 3 години; · Револвинг картичка со подмирување на само 5% месечно од сумата; · Бескаматен период до 15ти наредниот месец; · Плаќање и едноставно следење на сметката и на трошењето преку web. e-mail или sms услугата; · 24 часовна поддршка на корисниците, насекаде во светот.

 

Корисници

·    Правни лица - комитенти на ТТК Банка АД Скопје. По исклучок Банката ќе издава Visa Business револвинг кредитни картички на правни лица кои се депоненти на други банки кои во согласност со  кредитната политика на Банката не ги исполнуваат  условите за одобрување на кредитниот лимит, доколку заложат депозит во Банката, во висина на кредитниот лимит на картичката зголемен за 10,00%.

·     Корисници на картичките се физички лица овластени од страна на правните лица.

Валута

·     МКД/ЕУР.

Износ

·    Кредитен лимит во зависност од кредитната способност, но не повеќе од 600.000 денари.

Рок

·     Прво издавање – 3 години;

·     Обновување – 3 години.

Можности

·     Дневниот лимит  за Visa Business изнесува 250.000 денари во трговија и на АТМ заедно;

·    Банката ќе одобрува бескаматен период до 15-ти во следниот месец за трансакции направени во трговија (плаќање стоки и услуги) во тековниот месец;

·    За побарувањата кои ќе бидат подмирени по тој рок Банката ќе пресметува казнена камата  во висина на максималната каматна стапка дозволена со законските прописи, од датумот на доспевање на месечното побарување (секој петнаесети во месецот) сè до неговото целосно подмирување.

·     Месечниот циклус започнува на почетокот на месецот и завршува на крајот од месецот. Корисникот е должен во рок од 15 дена по завршување на месечниот циклус да измири минимум 5% од износот на минусното салдо до кредитен лимит,  и целиот износ на минусно салдо над кредитен лимит (во согласност со месечниот извештај);

·    Минималниот износ за плаќање се пресметува како процент од вкупните обврски на корисникот на крајот на месецот за кој се пресметува обврската зголемен за провизиите за готовинските трансакции и пресметаните камати.

Обезбедување

·     Рамковен кредит –лимит врз основа на заложно право;

·     Меница од 500 денари, заверена од правното лице со пополнета менична изјава;

·     Образец ПП 30 со согласност за употреба на истиот;

·     Паричен депозит;

·     Друго обезбедување прифатливо за Банката.

Што е потребно да се отвори кредитна картица?

·     Пополнето и потпишано барање за добивање и користење на картичката;

·     Остварен промет на жиро сметка за последните 6 месеци;

·     Биланс на состојба и биланс на успех  за последните 2 години;

·     Заклучен лист за  тековната година;

·     Потпишана изјава за користење податоци за секој корисник посебно.

Провизии

·     Подигнување готовина од АТМ на TTK Банка - 1,5% + 100 денари;

·     Подигнување готовина на АТМ на друга банка во земјата - 3% + 150 денари;

·    Подигнување готовина на АТМ на друга банка во странство - 3,5 % + 200 денари;

·     Плаќање на ПОС терминал во земјата и во странство - без провизија.

Членарини

·    Годишна членарина за дополнителна картичка - 2.400 денари на 12 месечни рати;

·    Годишна членарина за остварен промет во трговија над 150.000 денари - без надоместок.

Дополнителни трошоци

·     Итна изработка и издавање картичка - 2.000  ден. + 360 ден.ДДВ;

·    Реизработка на картичка поради губење, кражба или други оштети на картичката - 600  ден. + 108 ден.ДДВ;

·    Откажување од картичка по истекот на рокот за откажување определен од Банката - 600 ден. + 108 ден.ДДВ;

·    Откажување на картичка во процедура на изработка на картичката - 600  ден. + 108 ден.ДДВ;

·     Реиздавање PIN-код - 200  ден. + 36 ден.ДДВ;

·     Деблокирање PIN-код - 100  ден. + 18 ден.ДДВ.

Каматна стапка

·     12,0% годишна променлива каматна стапка на искористениот износ до кредитниот лимит. Прилагодувањето на каматната стапка се врши полугодишно во согласност со промената на стапката на благајнички записи (за кредити во денари);

·     19,50% годишна каматна стапка на износот на минусно салдо над кредитниот лимит.

Причина повеќе

 

·     Visa картичките се со чип технологија која овозможува поголема сигурност, и безбедност на податоците и превенција од злоупотреби;

·     Едноставен и брз пристап до пари 24 часа дневно;

·    Плаќање стоки/услуги и подигање готовина на ATM во земјата и во странство;

·     Намалување ризик од користење готовина;

·     Се намалува потребата за одење во банка- избегнување шалтери;

·     Висока сигурност на трансакции со користење на PIN кодот.

 

За извршените основни и дополнителни услуги Банката наплатува членарини и провизии во согласност со Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши ТТК Банка АД Скопје. 

 

Пополнете ја апликацијата и доставете ја во која било експозитура на ТТК Банка. Доколку е потребна дополнителна документација, информација ќе добиете од нашите вработени.

Одговор на вашето барање ќе добиете во најкраток можен рок.

Тарифа за надоместоци - парични картички за правни лица

 

Лице за контакт:

Горан Томовски 

Директор на Дирекција за правни лица

Сектор за Комерцијално банкарство

Тел. 02/ 32 47 000 лок. 459

e-mail. goran.tomovski@ttk.com.mk

Зоран Мицевски 

в.д. Радоводител на Оддел за позадинска обработка – население

Дирекција за Позадински обработки

Тел. 02/ 32 47 000 лок. 009

e-mail. zoran.micevski@ttk.com.mk

* Последна промена направена на интернет-страницата 1.9.2017 година.


 

Нова локација на експозитурата на ТТК Банка во Кичево
Нова понуда на депозитни производи за физички лица со фиксни каматни стапки од 1.8.2017 година
СУПЕР Станбен кредит со СУПЕР фиксна каматна стапка од 2,85% во првите три години
СЕГА Е ЛЕСНО, со ненаменскиот потрошувачки хипотекарен кредит со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување