ТТК & Спортски бонтон
ТТК Банка во улога на општествено одговорна компанија го поддржува проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот " кој има за цел социјална и етничка интеграција на младите преку спортот во Република Македонија и популарно го носи називот „Спортски бонтон".
Проектот ќе го промовира спортот како општествена активност преку која со игра, забава и со дружење на децата и младите од различна етничка припадност се зацрврстуваат меѓуетничките односи во Република Македонија и ќе придонесе во афирмирање на вистинските морални норми во спортот.
Овој проект е спој на стратегиските приоритети за поддршка на ТТК – Поддршка на најмладите, на етичкиот развој и поддршка на спортот.

Проектот е под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. На 23.05.2013 во претседателската резиденција се потпиша Меморандум за соработка помеѓу носителот на проектот, Здружението за развојни иницијативи - Геостратешки институт „Глобал" – Скопје и градоначалниците на општините вклучени во неговата реализација – Валандово, Кавадарци, Росоман, Аеродром, Дебар, Центар Жупа и Теарце.

Учесници се 200 деца од оптштините кои учествуваат во проект.


|