македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Мартовските пензии на располагање од 26 март, четврток

Почитувани,

Ве известуваме дека TTK Банка АД Скопје овозможи пензијата за месец март да биде на располагање почнувајќи од 26 март 2020 година, четврток, за сите пензионери кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.

Во услови на засилени мерки за спречување на ширењето на корона вирусот (Covid-19), кога  е потребно да се намали подигањето и употребата на готовината, како приматели на пензија на сметка во ТТК Банка АД Скопје, Ви препорачуваме користењето на пензиите да го реализирате со Visa картичките на ТТК Банка АД Скопје со можност за бесконтактно плаќање и плаќање преку интернет како и преку услугите и поволностите на електронското и мобилно банкарство со 24/7 бесплатен пристап и увид во трансакциската сметка и без трошоци за денарски трансакции  до 30.4.2020 година! 

При неодложна потреба за готовина, подигнувањето на Вашата пензија може да го извршите преку мрежата банкомати на ТТК Банка АД Скопје 24/7, така што при користењето на банкоматите потребно е да ги применувате сите заштитни мерки против ширењето на вирусот.

Подигнувањето на пензијата преку шалтер ќе може да го реализирате во сите експозитури, секој работен ден, од понеделник до петок почнувајќи од  8 часот.  Во овој случај на неопходна посета на експозитура Ве молиме да ги почитувате правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен и дозволен за број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата, применувајќи го истовремено правилото за меѓусебно растојание од најмалку 2 метри во редот и помеѓу редовите во експозитурата.

Со почит,

ТТК Банка АД Скопје

*23.3.2020 година


 

ТТК Банка АД Скопје однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 10,5 милиони денари
Известување за одложување на Собрание на акционери и за исплата на дивиденда
Известување за променa на работното време на експозитурите од 25.3.2020 година
Мартовските пензии на располагање од 26 март, четврток
ТTK Банка АД Скопје со целосно бесплатно електронско и мобилно банкарство за физички лица до 30.4.2020 година
XXXIII Собрание на акционери – Гласање преку коресподенција
Известување за експозитурата на ТТК Банка АД Скопје во градот Дебар
Дополнителни препораки од Народната банка: Заради заштита на здравјето да се намали употребата на готовина
Известување за непречено работење и промена на работно време на експозитурата во градот Дебар
Соопштение од Македонска банкарска асоцијација
Известување за подигнување на готовина во општините Дебар и Центар Жупа
ЈАВЕН ПОВИК за избор на најповолен добавувач за набавка на осигурителни услуги
Известување за превентивни мерки за заштита од ширење на Корона вирусот и променето работно време на дел од експозитурите
Јавен повик за учество на XXXIII седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
ТТК Банка АД Скопје ја продолжи промотивната понуда за кредитни производи за физички лица до 31 март 2020 година
TТК Банка АД Скопје ја продолжи понудата на промотивниот депозит ПРОМО ФИКС 15 до 31 март 2020 година
Нова услуга за уплата на парични средства „CashIn“ на банкоматите на ТТК Банка АД Скопје
СУПЕР Станбен кредит со фиксна каматна стапка во првите пет години со намален надоместок за одобрување до 31.3.2020 година!
СЕГА Е ЛЕСНО, со хипотекарниот кредит на ТТК Банка АД Скопје со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години достапен со намален надоместок за одобрување до 31.3.2020 година!

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување