· Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот за корисниците во категорија СМАРТ, односно 1/3 од месечните нето-примања на кредитобарателот за корисниците во I-ва категорија и II-ра категорија.
· Во кредитот не може да се вклучат ко-кредитобаратели.
· Банката одобрува кредити на физички лица кои се кредитоспособни и кои се:
- во редовен работен однос, со минимален износ на месечни примања од 9.000 денари (20.000 денари при аплицирање за кредитниот производ со рок на отплата над 12 до 24 месеци) остварени во Р. Македонија и кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари од 67 години.
- пензионери кои примаат пензија од ПИОМ, со минимален износ на месечни примања од 8.500 денари (20.000 денари при аплицирање за кредитниот производ со рок на отплата над 12 до 24 месеци) и кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари од 70 години.
· Да нема постоење на долг по различни основи во вкупен износ од над 10.000,00 денари (неплатени даноци, долг за испорачани добра и услуги и друго) во согласност со извештај од Македонско Кредитно Биро. |