Повеќе на одмор, со новиот туристички кредит на ТТК Банка!
Во пресрет на летните одмори, ТТК Банка воведе нов, атрактивен туристички кредит со кој граѓаните ќе можат полесно и побрзо да отпатуваат до посакуваната дестинација!
Туристичкиот кредит на ТТК Банка нуди атрактивна годишна каматна стапка од 11,50% за сите корисници. Поповолно е и обезбедувањето, односно отсега кредитот е достапен и БЕЗ жиранти.
Промотивно oд јуни до крајот на годината, туристичките кредити се одобруваат БЕЗ надоместоци за одобрување и БЕЗ провизија за одобрување. Кредитите се достапни за износи до 120.000 денари, со рок на отплата до 36 месеци.
Покрај олеснетите услови на туристичкиот кредит, ТТК Банка им овозможува на граѓаните поголема достапност до туристичките кредити, преку мрежата на туристички агенции, соработници на банката - „Гренада“, „Пет“, „Тера Травел“ и „Никекс“. Листата секојдневно се проширува. Во интерес на корисниците слободно да отпатуваат до својата дестинација од соништата, забрзана е и процедурата за одобрување на кредитното барање.

|