македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

Промотивен девизен депозит ЕВРО ФИКС 15

Искористете ја најновата промотивна понуда на девизен депозит ЕВРО ФИКС 15 за физички лица со атрактивна ФИКСНА каматна стапка за штедење во евра на 15 месеци.

ЕВРО ФИКС 15 депозитот ви нуди фиксна каматна стапка од 1,3% годишно, со можност за месечна исплата или припис на камата.

Валута
· ЕУР.
 
Период на орочување
· 15 месеци.
 
Каматна стапка

Девизен депозит во евра орочен на 15  месеци

1,3% годишна фиксна каматна стапка

Пресметка на камата

 · Пресметката на каматата на средствата се врши месечно по пропорционална метода со месечна исплата или припис. Датумот на месечното достасување на каматата се одредува според датумот на орочување на секој поединечен влог.

 

Корисници

· Домашни деловноспособни лица, малолетни лица и лица без деловна способност со законски застапник и странски физички лица;

· Полнолетно деловно способно лице - лично;

· Полнолетно лице без деловна способност со законски застапник;

· Малолетно лице со родител, деловно способно лице, како законски застапник.

 

Потребни документи

· Документ за идентификација (важечка лична карта или пасош) за физички лица;

· Кај малолетни лица при отворање на штедниот влог треба да се достави извод од матична книга на родените.

 

Друго

·  За орочениот депозит се потпишува договор во кој се наведени условите за штедење и каматната стапка и се издава штедна книшка;

·  Со штедната книшка може да располага: сопственикот или ополномоштено лице од страна на сопственикот, законскиот застапник за малолетно лице до негова 18-годишна возраст, законскиот застапник на лицето-сопственик.

· Со штедниот влог располага законски застапник до полнолетство на вложувачот со што автоматски му се пренесува правото за располагање со влогот;

· За малолетни лица над 14 години законскиот застапник може да потпише изјава за дозвола за располагање со штедниот влог, и тоа пред работникот во Банката;

· Само сопственикот, односно законскиот застапник може писмено да побара предвремено раскинување на договорот и затворање на штедниот влог, при што се пресметува и исплаќа камата по видување за периодот од моментот на орочување до моментот на предвремено раскинување на договорот;

· Сопственикот може да овласти и други лица за располагање со штедниот влог;

· Депозитот не може да се користи како обезбедување за кредит.

 

Тајност

· Податоците за депозитите се деловна тајна.

 

Сигурност

· Вкупните депозити на депонентите во Банката се осигурени во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обесштетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишана камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението.

Општи услови за штедни влогови за физички лица

Лице за контакт:

Бојан Штерјовски

Раководител на Оддел за работа со население

Дирекција деловна мрежа

Тел. 02/ 32 47 000 лок. 480

e-mail. bojan.sterjovski@ttk.com.mk

 

* Последна промена направена на интернет-страницата 7.5.2018 година.


 

СУПЕР станбениот кредит на ТТК Банка АД Скопје достапен без надоместок за одобрување во промотивен период до 31.7.2018 година
Онлајн промена на дневен лимит за плаќање преку Интернет - нова функционалност на VISA платежните картички на ТТК Банка АД Скопје
СУПЕР Станбен кредит со СУПЕР фиксна каматна стапка од 2,85% во првите три години
СЕГА Е ЛЕСНО, со ненаменскиот потрошувачки хипотекарен кредит со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување