Признание „Различни, а еднaкви“ 2011
Во рамки на манифестацијата „Различни, а еднакви“, ТТК Банка доби признание за долгогодишна поддршка во социјалното вклучување на лицата со посебни потреби во општеството.

Ова е големо признание за ТТК Банка, која втора година по ред го добива истото признание од страна на агенцијата „Детла Ексклузив“. ТТК Банка е активно вклучена и посветена на поддршка на лицата со хендикеп, поттикнува активности и поддржува проекти кои имаат за цел да овозможат правилен развој на децата, полесна социјализација на лицата со посебни потреби, како и создавање еднакви можности за лицата кои се различни а сепак еднакви.
За време на манифестацијата, ТТК Банка уште еднаш ја потврди својата хуманост и грижа на лицата со хендикеп со донација на финансиски средства за Еми Ананиева, девојче со целосно оштетен вид, со што ѝ даде поддршка за учество на интернационалниот музички фестивал „Дете Росии XXI века“, кој ќе се одржи во декември во Москва. Со својата изведба на клавир, Еми ќе докаже дека и лицата со хендикеп умеат силно да се борат за боите на една земја, да направат повизи за кои многумина немаат храброст.
Манифестацијата „Различни, а еднакви“ се одржува традиционално секоја година по повод „Денот на хендикепираните“ (3-ти декември), на која се присутни сите поединци и компании кои придонесуваат да се намалат разликитe и да се овозможат еднакви можности и права за сите граѓани. |