македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

TTK Банка АД Скопје со одликување/амблем за „People-Oriented Company”

 На 11-та меѓународна конференција за човечки ресурси на тема „Човечките ресурси - катализатор на трансформацијата“,на ТТК Банка АД Скопје ѝ беше доделено одликување/амблем за „People-Oriented Company”. Одликувањето го прими претседателот на Управниот одбор, проф. д-р Драгољуб Арсовски.

Конференцијата се одржа на 20.5.2019 година, во хотелот „DoubleTree by Hillton“ во Скопје, а присуствуваа повеќе од 300 македонски сопственици на компании, извршни менаџери и раководители на оддели за управување со човечки ресурси.

Конференцијата беше организирана од Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) којашто е  стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение кое, во рамки на своите цели, врши дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата управување со човечки ресурси во земјата. Со цел да им овозможи на компаниите што имаат организациски делови за управување со човечки ресурси континуирано да инвестираат во развој и унапредување на своите вработени, од оваа година МАЧР воведе можност за корпоративно членство во асоцијацијата.

Свесна за тоа дека човечките ресурси се највредниот капитал со кој располага, ТТК Банка АД Скопје, меѓу првите компании, ја прифати поканата и стана корпоративна членка на Асоцијацијата, за што во знак на благодарност ѝ беше доделено одликувањето/амблем за „People-Oriented Company”.

Со доделениот амблем ѝ се оддава признание на Банката дека придава големо значење на професијата менаџмент/управување со човечки ресурси и дека претставува работодавач кој е свесен за значењето на човечкиот капитал, работодавач кој ги почитува стандардите во управувањето со луѓето и кој дејствува во насока на унапредување на професијата менаџмент со човечки ресурси во Македонија.


 

Јавен повик за избор на најповолен добавувач за набавка на канцелариски материјал
Јавен повик за учество на XXXI седница на Собранието на ТТК Банка АД Скопје
TTK Банка АД Скопје со одликување/амблем за „People-Oriented Company”
Најповолни услови за СУПЕР станбениот кредит на ТТК Банка АД Скопје
СЕГА Е ЛЕСНО, со хипотекарниот кредит на ТТК Банка АД Скопје со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години достапен со намален надоместок за одобрување до 30.6.2019 година!

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување